Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и ценам дека невладиниот сектор е многу значаен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
30102024-Mickoski-1

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека итно треба да се носат одлуки за решавање на многу внатрешни проблеми, наталожени со годините.

— реклама —

„За мене претставува секогаш одлична можност, кога нормално распоредот дозволува да бидам дел од вакви настани. Благодарам на поканата на организаторите, благодарам на невладините организации кои што еве наоѓаат време да бидат присутни на еден ваков дијалог во кој што треба заеднички да работиме, а ние како Влада да извлечеме некакви заклучоци кои за нас се важни и врз основа на информациите со кои располагаме, а сугестиите и советите од страна на невладините организации, да носиме поквалитетни одлуки.

— реклама —

Никој не се родил учен, сите стекнуваме и го градиме нашиот интелектуален капацитет во животот. Јас сакам секојдневно да учам колку што е можно повеќе, да слушам и нормално врз основа на информациите и аргументите кои што пристигнуваат кај мене, да носиме одлука. Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и тука ценам дека невладиниот сектор е многу значаен.

— реклама —

Благодарност до Амбасадата на Швајцарија, која е покровител на вакви настани и што ги помага невладините организации. Очекувам и дека овој дијалог во иднина ќе продолжи и ќе биде уште поуспешен и од овој дијалог резултатот ќе бидат некои нови политики кои што ќе имаат само додадена вредност во квалитетот на животот во нашите граѓани. Така што уште еднаш посакувам да биде успешен настанот. Благодарност до организаторите, до Швајцарската амбасада, и се надевам дека и вие медиумите ќе слушнете ново што ќе биде како што кажав додадена вредност за квалитетот на животот на нашите сограѓаните“, вели Мицкоски.

Линк до видео материјал

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 17 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 21 час

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања