Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Политиката е должност, а вистинскиот политичар е човек пред сè

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7mfr2e42hmm44imXO3d

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја отвори изборната кампања со порака дека ова не е време за празни ветувања, туку за одговорност, човечност и дела.

— реклама —

„Кампањата не смее да биде театар на празни зборови, туку мост меѓу вистината и надежта. Народот очекува подобар живот, сигурност и достоинство. Вистински политичар е оној што знае да слуша, да разбере и да понесе товар што не е само негов“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој се обрати пред поддржувачите со отчет за реализираните проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои над 770 километри изградени и реконструирани улици и булевари, 47 километри нови водоводи и 91 километар канализации. „Ова не се зборови, ова се дела“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Во говорот испрати силна порака и до политичките противници: „Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! Ќе ги поразиме сите интриги, афери и предавства. Нема назад“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата ќе се фокусира на две клучни теми – борба против корупцијата и подобрување на животниот стандард.

„Или правда и ред, или нема држава. Или корумпираните политичари, или Македонија“, порача тој.

Мицкоски истакна дека следниот период ќе биде време на длабоки мерки и проекти, од здравство и образование, до инфраструктура и дигитализација.

„Првата година беше година на консолидација, наредните ќе бидат години на развој“, додаде тој.

Говорот го заврши со слоганот на кампањата – „Вистинскиот избор“.

„Твојот човек, твоето место, твојата иднина – сите три ги поврзува Вистинскиот избор. Направете го вистинскиот избор за Македонија“, повика Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања