Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Поставен е камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
13122024_MICKOSKI-5

„Благодарност на тоа што вие медиумите сте секогаш со нас на вака убави настани. Денеска отпочнува една убава инвестиција овдека за овој дел на Македонија, во Кичево. Како што извршниот директор кажа, очекуваме максималниот број на вработени во еден момент да биде 600, зошто да не и повеќе.

— реклама —

Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50тина милиони , тој ќе се развива. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу, заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце и инвеститорот направија многу за да овој проект еве конечно заживее, помина и на Владина седница.

— реклама —

Сето ова е потребно заеднички да се сработи за да дојдеме до оваа состојба во која што сме денес. Јас сум убеден дека инвеститорот тука нема да застане, дека после оваа инвестиција ќе следи уште, продолжување на инвестицискиот циклус, уште една итн.

— реклама —

Исто така и други инвестиции во периодот што следи ќе бидат објавувани. Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени.

Уште еднаш ќе го повторам ставот на оваа Влада, дека оваа Влада има за цел да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите тука , кај нас во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото“, вели премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 19 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања