Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мицкоски: Рудата Антимон од кривопаланечкото село Луке ќе се извезува во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryudr8irj3mfoj5anEDwN

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја посетата на македонската делегација во Вашингтон.

Делегацијата е предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој остварува средби со вториот човек на американскиот Стејт департмент. Премиерот појасни дека на маса се исклучително важни теми за иднината на државата.

— реклама —

„Теми коишто ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, односно дигитализацијата, вештачката интелигенција, апликациите, имплементацијата, соработката билатерална, потоа енергетиката, инфраструктурата којашто ние ја градиме и во којашто силно инвестираме, потоа одбранбената индустрија. Тоа се неколку области во коишто очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, тоа е рудата Антимон којашто ќе се експлоатира во кривопаланичкото село Луке. Редок минерал, нешто којешто навистина може за нашата економија да значи многу. Веќе таму истрагите се при крај и очекувам многу скоро да биде тоа започнато. Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0jmnac6eokjjcwnoy3Q

(Видео) Мицкоски од Виена: Дијаспората да се врати и да инвестира во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4mdjpgf2t7fd7Y4VFb7

Мицкоски на средба со Витакер: Соработката со САД е клучна за регионална стабилност

Македонија | пред 2 дена

media-library40kgnmoh9tu61CCTpUc

Мицкоски: Дел од професорите не работат доволно, а очекуваат високи плати

Македонија | пред 6 дена

media-librarya0ff3t60g1f2bIcZ0qJ

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот во ЕУ е под 1%

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања