Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

РУДА

media-librarycma053l5hfjl5jHEYKp

„ЗХГ“ против нов рудник кај Крстов Дол: Македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ обвинуваат дека најавите за можно обновување на рударските активности во Крстов Дол отвораат сериозни еколошки и здравствени ризици. Според нив, наместо санација на постојните загадувања, се туркаат нови проекти што би можеле дополнително да ја влошат состојбата со тешки метали и безбедноста на животната средина.„ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог". Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник Крстов Дол, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон.За жал, македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта, додека старите не се санирани и сè повеќе се деградираат и нè трујат. Имено, рудникот Крстов Дол иако не работи повеќе од 50 години, јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување на површинските води. Главни загадувачи се арсен (As), антимон (Sb) и талиум (Tl).Краткорочната изложеност на висока концентрација на овие токсични елементи може да предизвика гадење, повраќање, дијареа, силна абдоминална болка, срцеви аритмии и во екстремни случаи смрт. Додека последиците од долгорочна изложеност на ова еколошко жариште се рак на кожа, бели дробови или мочен меур; кожни промени (потемнување, задебелување); оштетување на нерви (трнење, слабост), кардиоваскуларни болести или дијабетес тип 2.Сите овие опасности веќе нè демнат од јаловината на стариот рудник, но ако се дозволи ново ископување на антимон ќе има акумулирање во почвата од каде што растенијата може да го апсорбираат и ќе влезе во синџирот на исхрана. Последиците од ова би биле намалена плодност и потенцијално токсична храна. При ископ и дробење на антимон се создава фина прашина што ако се вдише може да предизвика разни здравствени последици на белите дробови.Како производ на ископувањето на антимон ако се користи флотација се создаваат огромни количества на отпад хидројаловина што се складира во брани. Ако браната за хидројаловина протече или пукне може да дојде до катастрофа! Низ светот има примери од огромен број на уништени екосистеми од рудници и тоа најчесто се случува во корумпирани/сиромашни земји како нашата.Според извештај кај Крстов Дол веќе има три брани со хидројаловина од кои две во критична состојба. Браната со хидројаловина 1 е опишана како близу до флотациската постројка и е веќе натрупана над нејзиниот насип, поради што може да се прелее при обилни дождови. Браната со хидројаловина 3 се наоѓа покрај речната рамнина каде што, доколку се појават поплави, јаловинските материјали лесно се измиваат. Во извештајот се вели дека е „критично“ трите брани со хидројаловина да почнат да истекуваат кон долниот тек доколку дојде до обилни дождови.Според истиот извештај поради рударските операции во Крстов Дол има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од СЗО кај вдлабнатините и под браната за јаловина“, стои во објавата.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryudr8irj3mfoj5anEDwN

Мицкоски: Рудата Антимон од кривопаланечкото село Луке ќе се извезува во САД

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја посетата на македонската делегација во Вашингтон.Делегацијата е предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој остварува средби со вториот човек на американскиот Стејт департмент. Премиерот појасни дека на маса се исклучително важни теми за иднината на државата.„Теми коишто ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, односно дигитализацијата, вештачката интелигенција, апликациите, имплементацијата, соработката билатерална, потоа енергетиката, инфраструктурата којашто ние ја градиме и во којашто силно инвестираме, потоа одбранбената индустрија. Тоа се неколку области во коишто очекуваме да се постигне голем напредок. Истовремено да се промовира една инвестиција во еден значаен производен објект, тоа е рудата Антимон којашто ќе се експлоатира во кривопаланичкото село Луке. Редок минерал, нешто којешто навистина може за нашата економија да значи многу. Веќе таму истрагите се при крај и очекувам многу скоро да биде тоа започнато. Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома во САД“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања