Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-08-at-11.29.47

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, се обрати на 34 годишната конференција на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Една од темите за која тој говореше се однесуваше на опозициската СДСМ, и нивните политики кои, како што кажа, се целосно без вредности, без етика, а и базирани врз материјални интереси и моќ. Според него, Македонија победува на меѓународната сцена, а во контекст на ЕУ и позицијата која Македонија сега ја застапува, посочи дека Европа сега има слух за вистината за македонскиот идентитет.

— реклама —

„Ги слушам од опозицијата како велат дека СДСМ ги градела темелите на Македонија. Сакам од овде, од Велес, од овој величествен настан, да ги прашам: Кои темели ги градевте вие? Дали оние темели кога во времето на транзицијата, ја ограбивте, опустошивте Македонија. Кога нашите родители губеа работа, кога со тажни чела и погледи не гледаа кога се враќаа од работа дома, затоа што имаа неизвесна егзистенција за себе и за своите семејства. Дали на тие темели зборувавте кога ја опустошувавте Македонија, кога стотици илјади македонски граѓани останаа без работа. Или пак, на оние темели кога го менувавте името, кога го менувавте знамето, и го прифаќавте оној срамен договор, со Бугарија, ставајќи ја Македонија во подредена улога? На тие ли темели зборувате?“, праша Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако е на власт ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план, истото она коешто СДСМ го продаде. Тој додаде дека приказната за Македонија денес е позната и во Минхен, Берлин, и во Лондон, и во Брисел.

— реклама —

„Позади нас се денови кога се боревме во Брисел, да биде усвоена резолуцијата со којашто се зборува за прв пат од осамостојувањето на нашата татковина, за посебен македонски вековен идентитет. За посебен, македонски јазик. За наследство коeшто е со векови старо. Кога не гледаа како се бориме, молеа бога да не успееме, кога гледаа како аргументираме, како на маса ја добиваме битката се молеа да не успееме. Им олесна, кога бриселските политичари одлучија извештајот да го поместат наместо пред неколку дена на 24 јуни овој месеци. Но нема бегање. Тој извештај ќе биде усвоен затоа што цела Европа и Брисел знаат за вековниот посебен македонски идентитет. И тоа ќе го поддржат, за македонскиот јазик којшто е факт“, вели Мицкоски.

Мицкоски објасни дека политиките на СДСМ се само базирани врз материјални интереси, потреби и моќ, и тие делуваат без вредности, без етика. Според него, овој пат, Европа има слух за вистината за македонскиот идентитет.

„Колку и да овие од опозицијата да се подаваат дека немало потреба, дека немало потреба дека тие кога е дошле ќе прифателе се што им било ставено на маса, па дури ако треба и од Македонци да ги избришеле. Само да има нови фабрики за марихуана. Само да има тендери. Само да има грабеж и пљачка. Тоа беше, драги пријатели, тажната вистина којашто Македонија ја живееше 7 години. Порази ограбување, опустошување, срам. Тоа се карактерните особини на денешната опозиција. И кога ќе ги видите и едните и другите и третите како заедно не напаѓаат, тогаш бидете сигурни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и оваа влада се на правиот пат на патот заедно со народот. Тоа е патот на иднината“, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 17 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 20 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања