Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
15082024_MICKOSKI

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот“, кажа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:

— реклама —

„Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител кој што е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка“.

— реклама —

Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.

— реклама —

„Сега следеше втор чин кога институциите брзо молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула“, подвлече премиерот Мицкоски.

„Добро е што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани кои што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

„Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 14 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 21 час

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања