Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5036

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на одбележувањето на 102- годишнината од основањето на Стопанската комора, каде одговарајќи на новинарско прашање за најавите за вработување на 600 млади специјализанти истакна дека со ваквиот потег ќе биде надминат акутниот проблем на потценување на трудот на младите лекари.

— реклама —

„Министерот за здравство, господинот Таравари направи еден преглед на расположливи специјализанти условно кажано, млади лекари коишто практично се приватни специјализанти и она што беше донесено како одлука е да им се понуди на истите вработување во здравствени установи каде што тие се потребни и тоа да биде понудено на оние специјализанти во погорните години трета, четврта, петта година. Цениме дека со овој пристап тој проблем којшто е акутен и каде што се потценува трудот на тие млади лекари специјализанти ќе биде надминат“, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека Владата со ваквиот чекор ќе им понуди вработување на специјализантите од кои очекува да одговорат позитивно на понудата.

— реклама —

„Оваа година се 300 такви места и 300 се за следната година. На тој начин сите овие 600 ќе бидат практично понудени, бидејќи може да се случи некој да одбие или некој ќе рече не сум заинтересиран не сакам итн. Но, ние како Влада понудуваме да може да обезбедиме работа за овие луѓе, така што се надевам дека ќе биде позитивен одговорот“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 19 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања