Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед, ние не се откажуваме, но треба комплетен проект и од бугарска страна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
17102024-Mickoski-3

„Нема да градиме се додека Бугарите не си го завршат, својот тунел, односно својата половина од тунелот и тие километри коишто недостасуваат од тунелот до приклучокот со националната железница на Бугарија, вака претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија одговори на прашањето зошто ставот на Владата е сега да не се гради тунелот кој треба да поврзува со Бугарија.

— реклама —

Мицкоски додаде дека додека не се завршат обврските од другата страна на границата залудно е да се трошат половина милијарда евра за нешто што нема да биде функционално.

— реклама —

„Моментално буџетот за реализација на тој проект е 550 милиони евра од коишто 350 милиони се кредит, а 200 милиони се грант. 350 милиони ние ќе ги враќаме. Со тоа што изведувачот има право на пенали и клејмови. Моето скромно инженерско искуство вели дека најмалку уште 200 милиони ќе бидат потребни. Така што од тие 350 ќе дојдеме до половина милијарда пари коишто ние ќе треба да ги платиме. И да 200 милиони евра коишто се грант и коишто ќе ги платат европските даночни обврзници. Да, и тоа е точно, но 500 милиони ние“, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

На прашање зошто мисли дека Бугарија не би го градела тунелот, Мицкоски одговори дека, таков сличен пример е и граничниот премин Клепало кој кај нас е готов а во Бугарија нема истурено ниту кубик песок.

„Поради тоа што граничниот премин Клепало до ден-денеска нема еден кубик песок истурено, а кај нас е готов. Искуството вели дека ние си ја завршуваме домашната задача, ама од другава страна некако слабо иде завршувањето“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ние мислиме дека се додека не биде комплетен овој проект би било залудно трошењето на народните пари“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 15 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 19 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања