Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста

— реклама —

После долги години злоупотреби и партиски манипулации, Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата "економски директори" во јавните здравствени установи.

— реклама —

Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.

— реклама —

Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето

Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.

Нашата посветеност на здравјето и благосостојбата на граѓаните останува приоритет и овој чекор е уште еден доказ за нашата заложба за подобро здравство.

За тебе!

Продолжуваме!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 5 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 9 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 16 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања