Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски за синдикатите: Претходната влада вештачки ја зголемувала минималната плата и не исплаќала, ние секој договор меѓу синдикатите и стопанствениците ќе го поздравиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
2402025_Mickoski_pres_2

Премиерот Мицкоски рече дека Владата не може да биде добра за сите, но е добра за големо мнозинство. Според него најдобар одговор за оние кои не ја поддржуваат работата на оваа влада е таа да работи без афери и скандали и да испорачува резултати.

— реклама —

„Доколку продолжиме многу да работиме без афери, без скандали, без корупција ќе испорачуваме резултати, како на пример 1 милијарда 255 милиони странски инвестиции кои се историски рекорд, 400 милиони само во 4 квартал, раст на БДП во третиот квартал од 3%, во четвртиот 3,2%, не би се изненадил ако биде помеѓу 3,5 и 4% во првиот квартал. Расте извозот во првиот квартал од 5%, замислете во оваа криза, зголемени се пензиите за 5.000 денари линеарно, нешто за кое велеа дека е невозможно, се потпишаа колективните договори, веќе тргна исплатата на повисоки плати за здравствените работници и образовните работници, МВР доби 10% зголемување“, изјави Мицкоски во гостувањето во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

— реклама —

Премиерот потсети дека дополнително во изминатиот период била вратена еврообврзница од половина милијарда евра, 250 милиони евра се дадоа како поддршка на стопанството, а исто толку средства и за општините, а сметката на владата од минус 12 милијарди денари сега е помеѓу 3 и 4 милијарди во плус и сето тоа е резултат на многу залагање и труд. Мицкоски посочи дека сега една група од синдикатите со која имал средби забележува дека немало економско социјален дијалог, при одредувањето на минималната плата.

— реклама —

„Немаме репрезентативен синдикат затоа што репрезентативноста истекла. Именувавме комисија, претставници од 3 институции, од Министерство за социјални работи, демографија и млади, од Министерство за правда и од Министерство за економија и труд. Ја поминавме на владина седница, таа комисија ќе се состане и ќе одреди репрезентативен синдикат. Ние што треба да направиме како Влада? Знаеме дека согласно закон треба да донесеме одлука за минималната плата. Ние како Влада мораме да постапиме согласно закон, таму има методологија и ние донесовме врз основа на закон. Но велиме, секоја одлука, секој договор кој ќе го постигнат работниците и работодавачите во било кој период од годината ние ќе го поддржиме“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада најлесно ќе биде да каже минималната плата ќе биде 30.000 или 60.000 денари бидејќи ќе значи поголем број уплати на здравствено осигурување и персонален данок.

„Ние до вакво дереџе дојдовме со таков тип на интервенционизам, како што тоа беше во годините позади нас. Инаку нас ни е најлесно. На 25 илјади денари придонесите се теоретски 12 илјади денари, на 30.000 се 15 илјади денари. Разликата е 3.000. Таа завршува во буџетот. Претходната влада што правела? Вештачки ја зголемувала минималната плата, но тоа не го почитувала кога станува збор за вработените во јавната администрација. И затоа сега одбрана и МВР плаќаат тужби во милиони евра“, посочи Мицкоски и дополни дека на пример во минатиот период на синдикатот УПОЗ им беше понудено покрај законското зголемување да има зголемување во 4 години 7-5-5-7 % покрај законското под услов да се тргне колективниот договор за кој и двете страни утврдиле дека е лош, но разговорите престанаа и почнаа протести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања