Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски за случајот со транспортираните мозоци: Да почекаме истрагата и Обвинителството да дадат одговор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarygpsjqjjgpfhk4GfGY0B

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не добие поконкретни информации во врска со објавите дека мозоци на починати македонски државјани со психијатриска дијагноза биле транспортирани како чекиран багаж на комерцијални летови во САД и Канада за медицински истражувања.

— реклама —

„Не би коментирал јавно додека не добиеме поконкретно. Ова е состојба која се случувала пред неколку децении. Да оставиме истрагата и Обвинителството да дадат одговор на многу прашања“, рече Мицкоски.

— реклама —

Во одделна изјава, одговарајќи на прашање што очекува од новиот јавен обвинител кој допрва треба да биде избран, Мицкоски истакна дека приоритет мора да биде расчистување на сите случаи кои со години биле запоставени.

— реклама —

„Прво што треба да направи е сите оние документи и случаи кои стоеле во фиока да се истражат. Каде што има дело и докази – да има случај, каде што нема – да се затвори“, изјави премиерот.

Тој додаде дека од идниот јавен обвинител очекува да биде „заштитник на правото, генератор на правда и правдина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 13 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања