Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: За Таравари имам позитивно мислење, тој ќе одлучи која опција ќе ја одбере, дали Влада на реформи или коалиција која со години ја криминализираше државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
13032025-Mickoski-1

„Да средбата ќе биде денеска во 17 часот во Владата. Тоа ќе биде средба на која ќе поразговараме со Таравари околу актуелните политички случувања“, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

„Што се однесува до неговите тековни активности како дел од Владата, ние речиси секојдневно комуницираме. Се разбира тоа е неизбежен дел. Но, генерално би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. По мене има две опции за избор. Едната е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, промени, испорака за граѓаните. И втората порака е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од 2 децении ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. И тоа е изборот. Нема трета опција и би сакал од господинот Таравари да слушнам која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција“, порача Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека како човек има позитивно мислење за Таравари.

— реклама —

„Што се однесува до моите лични односи со Таравари, ние во политиката комуницираме долго време. Како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто кое што го имаш или немаш, тука нема флуидни варијанти, или држиш до зборот или не држиш до зборот. Јас мислам конкретно во неговиот случај најмалку три пати сум покажал дека држам до зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата. Затоа заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат на оние кои што ги прават овие заткулисни игри“, вели тој.

Мицкоски изјави дека Таравари и неговите сопартијци треба да одлучат дали ќе продолжат да се дел од Владата која оди по патот на реформи, владеење на правото или ќе одбере да коалицира со политички сили за кои рече дека изминатите години ја криминализираа државата.

„Немам намера никој да молам, со или без Таравари Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 18 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 22 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања