Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска најави значајни инвестиции во железничкиот транспорт, оценувајќи дека железницата со децении била занемарувана, иако е од клучно значење за економијата, извозот и европската перспектива на државата.

— реклама —

Мицкоски соопшти дека ќе се инвестираат 21 милион евра за набавка на до пет нови електрични локомотиви со резервни делови, преку договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Како што посочи, на инвестицијата ѝ претходела детална анализа која покажала дека без модерни локомотиви железницата не може да ја исполни својата економска улога.

— реклама —

Тој истакна дека состојбата во МЖ Транспорт била „катастрофална“, наведувајќи дека до неодамна претпријатието немало ниту една целосно функционална локомотива, а над 20 меѓународни товарни композиции биле блокирани во Гевгелија, што резултирало со изгубени договори и приходи.

— реклама —

Според Мицкоски, состојбите почнале да се подобруваат од јули 2024 година, кога во функција биле ставени пет локомотиви, а до февруари 2025 година вкупно десет од постојните 46. Сепак, тој нагласи дека просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40, што, како што рече, е неодржливо од економски, безбедносен и еколошки аспект.

Целта на новата набавка, според премиерот, е зголемување на транспортниот капацитет, приходите и финансиската стабилност на МЖ Транспорт, при што железницата повторно треба да стане двигател на извозот и логистиката. Посебен акцент беше ставен на еколошкиот аспект, со најавата дека фокусот на електрични локомотиви ќе придонесе за намалување на загадувањето и развој на одржлив транспорт.

Мицкоски информираше и дека започнале градежните работи за Линија 1 – т.н. градски воз, со вредност од 360 милиони денари, како и дека изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува стратешки приоритет, со средства обезбедени преку договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 17 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања