Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Завршено проектирањето за делницата Кочани – Виница, Владата ќе продолжи да инвестира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryo2k9tjl6skqp6Mt3SW0

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани изјави дека е завршено проектирањето за првата делница Кочани–Виница, која ќе се гради со сопствени средства, додека се бара финансирање за Виница–Делчево. Тој најави и санација на доводниот цевковод за геотермална вода: општествено одговорна компанија ќе замени делови и ќе изведе термичка изолација без надомест. Владата, рече, ќе продолжи да му дава приоритет на Кочани и регионот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот ристијан Мицкоски денес беше во посета на Кочани, каде во изјава за медиумите истакна дека проектирањето за првата делница од Кочани до Виница е завршено.

— реклама —

„Таа ќе се изведува со сопствени средства, а се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам успешно ќе се заврши тој процес, проектирањето тече така што сето она за коешто сме зборувале ќе го реализираме и работиме согласно приоритетите. Градоначалникот го спомна оној доводен цевковод на геотермална вода, ние имавме пред околу недела дена состанок кај мене во Владата. Ги разговаравме приоритетите општествена одговорна компанија, јас не сум стигнал да го информирам и градоначалникот, излезе на терен направи дефектажа и таа иста општествено одговорна компанија ќе изврши санирање на тој цевковод така што некаде околу 8 или 9 места парчиња цевки треба да се пресечат и заварат нови за да се санира, исто како и отплатата за изолација термичка така што тие се нафатија како општествено одговорна компанија тоа да го направат без да биде наплатено ниту денар, еве ова е уште една добра вест бидејќи не успеавме да се видиме пред овој настан со градоначалникот да информирам.

 Така што мислам дека сето она за коешто зборувавме изминатава година, но и претходно ќе го реализираме и е веќе ставено на шини за реализација. Се разбира кога и да доаѓам тука во Кочани не можам да не се сетам на оној 16 март минатата година и претпоставувам тоа така ќе биде до крајот на мојот живот, но секогаш се радувам кога можам да дојдам за убави работи овде во Кочани и да отпочнеме нешто ново коешто ќе даде дополнителна енергија на градот, но и на општините коишто гравитираат во овој дел на Македонија, не смееме исто така да ја заборавиме и Општина Чешиново-Облешево и останатите општини, Виница, Штип, Карбинци, Пробиштип“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој истакна дека владата ќе продолжи да дава приоритет на Кочани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања