Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Минчев: Нема враќање на старите модели и партиските вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryv9qtutg4ofvg52LOcSn

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во гостувањето на Топ Тема порача дека учество во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата.

„Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата - како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“ - истакна Минчев.

ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „Балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи.

Партијата инсистира на строга примена на законите, транспарентни вработувања и целосно почитување на јавниот интерес.

„ЗНАМ е коректор на начинот на кој се носат и спроведуваат одлуките во јавната администрација. Нема враќање на старите модели и партиските вработувања“ - нагласи тој.

Како дел од Владата, ЗНАМ поддржува силен инфраструктурен и капитален инвестициски циклус, јасна динамика на изградба на автопатишта и реална децентрализација на општините со конкретни проекти за граѓаните.

Во однос на националните прашања, Минчев потенцираше дека македонските национални интереси не се предмет на трговија.

„Нашиот став за уставните измени и внесувањето на Бугарите стана државен став - без јасни европски гаранции нема уставни промени“ - заклучи Минчев

Движењето ЗНАМ останува доследно на Националната платформа за обединување и нема да дозволи отстапки што ја загрозуваат државата и националниот идентитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library809sm63f6hbh03alWQF

Минчев: Македонија полека но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya8uup4sm7n9tc23aePi

Интензивиран дијалогот со Европската комисија: Реформите во фокусот на средбата меѓу Минчев и Суперти

Македонија | пред 2 дена

media-library45jmpfkld4b804cJemt

Македонија и Босна и Херцеговина ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhnnubh1bea3n2xmoFj5

Минчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрација

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања