Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерот Минчев се сретна со директорот на НДИ за унапредување на отворената и транспарентна власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library9u2nrpfu1965aqVGqxO

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) во Република Македонија, Роберт Скот Хејзлет.

На средбата беше искажан заеднички интерес за унапредување на соработката помеѓу Министерството за јавна администрација и НДИ, со акцент на реализација на активности кои ќе го зајакнат партнерството за отворена, транспарентна и отчетна власт. Разговорот се фокусираше на заеднички приоритети кои вклучуваат поддршка на реформите во јавната администрација, подобрување на соработката со граѓанскиот сектор и унапредување на практиките за отчетност и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.

— реклама —

Министер Минчев ја потенцираше важноста на интегрираните напори во насока на унапредување на јавните политики и институционалните капацитети, со цел да се обезбеди поефикасно и поинклузивно управување за граѓаните. Во таа насока, тој посебно ја истакна Иницијативата за Партнерство за Отворена Власт (ПОВ), која Министерството ја спроведува како клучен механизам за промоција на транспарентност, отчетност и граѓанско учество.

Двете страни потврдија интерес за продлабочување на дијалогот и имплементација на конкретни активности во наредниот период, со цел да се поттикнат принципите на отворена власт и граѓанско учество во процесите на донесување одлуки.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library809sm63f6hbh03alWQF

Минчев: Македонија полека но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya8uup4sm7n9tc23aePi

Интензивиран дијалогот со Европската комисија: Реформите во фокусот на средбата меѓу Минчев и Суперти

Македонија | пред 2 дена

media-library45jmpfkld4b804cJemt

Македонија и Босна и Херцеговина ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhnnubh1bea3n2xmoFj5

Минчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрација

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања