Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министерот Тошковски на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6607

Денеска (17.09.2024) делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

— реклама —

Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот процес може да постигне синергија на индивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан како механизам за подготовка за пристапување кон ЕУ.

— реклама —

Во рамки на сесијата посветена на борбата против нерегуларна миграција како и нелегално криумчарење мигранти, министерот Тошковски истакна дека миграцијата и миграциските движења веќе подолго време се еден од главните предизвици, не само за регионот на Западен Балкан, туку и за Европа и дека е неопходна координација на сите постоечки иницијативи и мерки за справување со илегалната миграција, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, и тоа не само од страна и во регионот на Западен Балкан, туку и на ниво на Европската унија и нашите меѓународни партнери.

— реклама —

Во обраќањето во рамки на сесијата за борба против организиран криминал, министерот Тошковски подвлече дека без оглед дали станува збор за организиран криминал, трговија со луѓе, илегални миграции, трговија со наркотици... навистина е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал и брзата размена на информации меѓу службите. Во таа заедничка борба против организираниот криминал, а особено кога станува збор за следењето на парите и финансиските структури на организираните криминални групи, од есенцијална важност е да се интегрираат сите надлежни институции, развивајќи на тој начин систем за рано предупредување како моќна алатка во борбата против организираниот криминал и другите незаконски активности.

На маргините на Министерската конференција, предвидена е билатерална средба со министерот за миграција и азил на Елинската Република, г. Николаос Панајотопулос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања