Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Министерот Тошковски на увид во градбата на нова Полициска станица во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
2-2

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, денеска (23.07.2024) извршија увид во градбата на новата Полициска станица од општа надлежност Аеродром. Градбата на новата Полициска станица беше започната минатата година во јули со план за завршување за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор. Констатирано беше на лице место дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните во општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица во која полициските службеници ќе ги извршуваат своите обврски а граѓаните ќе ги добиваат очекуваните услуги.

— реклама —

„На предлог на градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески во Полициската станица да предвидиме простории за управни служби, дадов уверување дека ќе направиме сериозни напори тоа да биде остварено, за граѓаните да не мора да одат во МТВ за некоја од услугите на управните служби како вадење на лични документи, возачки дозволи и други услуги важни за нив. Зголемувањето на брзината, квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат управни служби е еден од приоритетите на ова раководство на МВР бидејќи граѓаните секогаш треба навремено и квалитетно да ја добиваа услугата од својата држава која постои за нив“, потенцираше министерот Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 14 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 15 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 15 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања