Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Министерство за здравство ќе го истражува „извозот на мозоци“ од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.

Ресорниот министер вели дека многу скоро ќе се знае што точно се случувало во период од две децении, од 1994-та до 2015-та година, кога соработката со Универзитетот Колумбија прекинала.

— реклама —

– Формиравме работна група која ќе го следи административниот дел за временскиот период кој е таму дефиниран, дали имало некаков документ или не во министерството или некој меморандум за научни истражувања или за клинички истражувања и анализи. Верувам дека за кратко време ќе ме информираат од различните департменти дали имало или немало таква активност. Засега се е шпеклуации и информации што ги слушаме насекаде – изјави за Коха, Азир Алиу, министер за здравство.

Од Јавното Обвинителство засега нема реакција на објавените информации за тнр. „извоз на мозоци во научни цели“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања