Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryhdkqaucppa56dbTy3Cv
Скопје1.мк

Советникот Славчо Мисајлески демантира дека е укината автобуската линија 35, како што тврди Левица. Вели дека линијата не е променета и воопшто не била предмет на одлуката за измена на линискиот превоз. Тој ја обвинува советничката Милица Давчева за свесно ширење паника, особено кај учениците што ја користат линијата, и бара јавно извинување. Ги повикува граѓаните со резерва да ги прифаќаат изјавите на Левица.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината.

 Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје.

Имено на вчерашната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката Милица Давчева беше дадена изјава дека е укината линијата 35 која доаѓа од Скопје Север и оди до Аеродром а која ја користат учениците од СУГС Марија Кири Склодовска - Скопје и истата свесно споделена на социјалните мрежи со цел создавање паника помеѓу корисниците на таа линија.

Вистината е дека линијата со број 35 воопшто не е променета а впрочем не беше ни предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Градот Скопје.

Доколку ги проучуваат материјалите правилно и присуствуваат на матичните комисии како и на организираните јавни средби каде што се разгледуваше пред усвојување одлуката не би дале свесно ваква изјава. Но можеби впрочем и затоа не присуствуваат се со цел да имаат простор за да продуцираат на ваков начин лажни вести.

Во иднина ги замолувам граѓаните на Град Скопје со голема резерва да ги прифаќаат сите изјави изнесени од советниците на ПП Левица во Советот на Град Скопје затоа што се со единствена цел за свесно создавање лажна паника и вознемиреност.

Се докажа дека интересот на ПП Левица не се граѓаните на Град Скопје туку единствено е нивниот личен политички интерес кој го добиваат преку лажен ПР, лажни вести и манипулации со јавноста.

Воедно барам од советничката Милица Давчева јавно да се извини за дадената лажна изјава и за тоа што свесно создаде паника и вознемиреност кај граѓаните посебно меѓу учениците од средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска - Скопје“, напиша Мисајлески.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

JSP-avtobusi1-1-750x430

ЈСП воведува дополнителни линии за Саемот на книгата

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
jsp-avtobus

ЈСП: Изменет режим на линиите 31 и 163 поради реконструкција во Кисела Вода

Македонија | пред 5 дена

jsp-avtobus

ЈСП: Автобусите сообраќаат по зимски возен ред, дел со изменета траса

Скопје | пред 6 дена

jsp-avtobus

Јавниот превоз и Жичницата ќе сообраќаат по неделен возен ред за Велигден

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања