Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Помина една недела откако од електронска пошта именувана како „Косова Приштина“ до медиумите беше испратен мејл со наводи за хакерски напад врз мејловите на највисоките државни функционери, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

— реклама —

Во пораката, испратена и до „Скопје1“, се тврдеше дека ќе има „специјално хакирање во живо“ за време на Дигиталниот самит што се одржа на 1 и 2 октомври во Скопје. Дополнително, во јавноста почнаа да кружат и листи со наводни кориснички сметки и лозинки на државни институции – меѓу нив Министерството за надворешни работи, Министерството за образование, Министерството за транспорт и врски и Општина Гостивар.

— реклама —

Во мејлот до медиумите беа доставени и наводни лозинки и кориснички податоци за е-поштата на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски.

— реклама —

Сепак, ниту една институција досега не пријавила конкретни последици од ваков напад.

Од МВР за „Скопје1“ изјавија дека секторот за компјутерски криминал презема активности за утврдување на вистината.

„До овој момент во секторот за компјутерски криминал при МВР нема поднесена пријава за таков случај. Секторот по допрен глас презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот,“ соопштија од Министерството.

Не е познато дали наведените податоци претставуваат вистински безбедносен пробив или пак станува збор за обид за спин во пресрет на ИТ-самитот во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 8 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 15 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања