Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП: тотален финансиски хаос и злоупотреби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
marija05032024

„Никогаш не било полошо во областа на инфраструктурата на Македонија. Никогаш повеќе пари не се трошело, а никогаш помалку не се градело.

Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија е катастрофален, дефиницијата која ја отслика реалноста е запрепастувачка, цитирам: "Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики." Или парафразирано: тотален финансиски хаос и злоупотреби, комплетно безредие и непочитување на законите!

— реклама —

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈП за државни патишта за 2022 година, се утврдени следните состојби:

- недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците. Затоа не случајно на СДС и ДУИ, на Бочварски и Рустеми, им се потребни 7 години за да изградат 2 километри автопат. Затоа не случајно владата на СДС и ДУИ има волку анекси на договори за зголемување на вредноста на капиталните проекти како и анекси за пролонгирање на роковите за изградба, кои самите си ги задаваат па самите ги пробиваат.

— реклама —

Понатаму, внимавајте:

- неправилно утврдена даночната основа и за 27.525 илјади денари помалку пресметан и уплатен данок на добивка во Буџетот на Република Македонија. Замислете, функционерите на власта која се фали со наводно одлична наплата на данок се истите тие кои не плаќаат данок.

Исто така:

- не е извршено усогласување на побарувањата. Тогаш сосема логично би било да констатираме дека ако не утврдуваат објективна/реална вредност, тогаш вредноста која ја преставуваат е субјективна и истата може да е надвор од називот на сметката што е основ за незаконско постапување.

- утврдени се неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Прашуваме, каде завршувале залихите?

И за крај, потврдата за нивната неспособност доаѓа после констатацијата дека:

- не е донесена петгодишна програма за извршување на работите од јавен интерес поради што не се создадени услови за долгорочно управување со развојот и одржувањето на државните патишта.

Ова е еклатантен пример колку незаконски работи власта на СДС и ДУИ. Колку што се на број незаконските пречекорувања толкав број на кривични пријави се возможни. Ова е нивниот лажен европски фронт, кој во реалноста е прв фронт на криминалот. Важно е да ги поразиме, време е за промени!“, вели Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Митева: За скоро две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ во сите квартали имаше раст на БДП и поради тоа можеме да менаџираме со евентуални кризи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarys8hcoo42lrekbFNjTlw

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови, имаме план како да се справиме со ситуацијата

Македонија | пред 2 седмици

miteva-pres-3

СДС брани систем што штител криминал, Обвинителството нема да биде продолжена рака на политика, вели владината портпаролка

Коментари | пред 2 седмици

miteva-pres-3

Митева: Трагедијата во Кочани ја разбуди државата од долгогодишниот институционален застој

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања