Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Митева: Зошто Филипче 6 години не ги пријавил 5 стана во Скопје, уште во 2018 година кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Miteva-23.06.2022

— реклама —

— реклама —

,,СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика.

— реклама —

Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште пофрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба.

Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ЈО да поведе постапка за Филипче.

Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Каде е имотот, а ако го продал зошто не ги пријавил парите?

Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра.

Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра.

Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори.”, вели Марија Митева, портапрол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 3 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 7 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања