Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мојсоска до Алиу: Лекот за хемофилија доцни повеќе од шест месеци - кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

„Кога точно, односно кога надоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори?“ беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната седница за прашања од опозицијата во Собранието.

— реклама —

Мојсоска алармираше за сериозната состојба со пропусти во набавката на овој лек кој е од клучна важност за лицата со хемофилија А.

— реклама —

„Се работи за доцнење на тендерот за набавка на лекот фактор 8 повеќе од шест месеци. Ќе пренесам лично сведоштво на пациент со хемофилија А кој за да може нормално да функционира мора да прима 30000 единици на фактор 8 секој месец. Но, од мај минатата година поради раскинување на тендерот воведени се рестрикции за овој лек, па пациентот наместо потребните 30000 единици прима само 5000 единици месечно“, рече Мојсоска.

— реклама —

 Таа додаде дека ваквите рестрикции ги врзуваат пациентите за кревет и сериозно ја загрозуваат нивната здравствена состојба. „И ова не е само еден пациент на кого сериозно му е загрозено здравјето поради неодговорноста и немарноста на одговорните лица во институциите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека и да е само еден живот и еден пациент во прашање, државата е должна да обезбеди достоинствен живот, а не живот врзан за кревет поради бирократски процедури или можеби преговори за провизии од тендери“, посочи пратеничката.

 Мојсоска се осврна и на институционалната одговорност посочувајќи дека и претходно имало вакви рестрикции но, тоа никогаш не било повеќе од два месеца. Исто така посочи дека со години трае руинирање на здравствениот систем, а сега под водство на ДПМНЕ дополнително се деградира. „Дајте да лоцираме каде е одговорноста. Со институтот за трансфузиона медицина раководи директорот Амир Ељези, поставен од оваа владејачка коалиција. Во интервју вие потврдивте дека сте во комуникација со директорот и дека лекот ќе биде набавен. Информациите кои јас ги имам е дека директорот Ељези вооопшто не бил расположен да ги прими докторите од установата кои барале средба со него токму заради алармантата ситуација за овој лек“, рече Мојсоска.

 Пратеничката Мојсоска истакна дека Левица и претходно го спорела изборот на овој директор бидејќи со Законот за безбедност во снабдување со крв предвидува дека за директор може да се постави специјалист трансфузиолог со најмалку две години работно искуство. „Ељези не е транзфузиолог, а очигледно не е ни менаџер кога за прв пат во негово директорување доцни лек половина година“, заврши Мојсоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Македонија | пред 3 дена

operacija

Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци

Македонија | пред 3 дена

media-libraryp1mo4if7a6ovfBUvm28

Алиу воведува тригодишни јавни набавки за лекови за ретки болести, Намалена цена на лекот OXLUMO, заштеда од околу 68.600 евра

Македонија | пред 1 седмица

media-library1u3ki3hab4lc2LrThRc

Алиу: Соработка со Меѓународен универзитет Визион со цел унапредување капацитетите во здравствениот систем

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања