Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
jovana-mojsoska

На денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, Јована Мојсоска од Левица упати прашање и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога ќе бидат доставени измените на законот за угостителска дејност кои беа најавени минатата година, по трагедијата во Кочани.

„После незамисливата трагедија во Кочани еден од клучните системски пропусти за работата на дискотеката на смртта беше лоциран во недореченостите во законот за угостителска дејност. Лиценцата за работа на дискотека кој се однесува на исполнувањето на техничките услови на еден објект, како излези, заштита од пожари, вентилација и сѐ останато го пополнува самиот барател. Апсурдот во ова законско решение е во тоа што никој не проверува на терен пред да ја добие лиценцата дали изјавата на сопсвеникот е вистинита“, рече Мојсоска. 

Таа посочи дека ваквиот законски модел е како „да ви регистрираат кола само со изјава дека ви е технички исправна“ и дека ревизорите во извештајот за 2024 година констатирале дека издавањето лиценци за угостителски објекти се врши „без да има законска обврска за задолжителна проверка на исполнување на минималните технички услови“.

„И по десет месеци по трагедијата, ако некој сака да добие лиценца за угостител тоа ќе може да го направи преку истиот Закон за угостителска дејност кој беше во правна сила и кога се случи трагедијата во Кочани. Јасно е дека позади ваквото лошо законско решение стојат профит интересите на одредени моќници од угостителскиот сектор, кои често се блиски и со самата власт“, додаде Мојсоска.

— реклама —


Таа потсети дека министерот Дурмиши на 25 март минатата година најавил дека работна група веќе работи на измени на Законот за угостителска дејност, со зголемување на казните и забрана за работа по одземање на лиценците, доколку се утврди дека законските одредби не се почитуваат.

„Моето пратеничко прашање е: дали до 25 март 2026 година, односно точно една година откако најавивте измени на законот, до нас како пратеници конечно ќе пристигне изменетиот Закон за угостителка дејност, со цел во иднина да спречиме, а да не констатираме системски трагедии, како што за жал ни се случува постојано во минатото?“, заврши Мојсоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања