Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Моравме да го одбиеме францускиот предлог“, вели Османи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bujar-osmani

Фала Франција, но предлогот моравме да го одбиеме, вака министерот за надворешни работи напиша на Фејсбук. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:

— реклама —

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на европската унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија.

— реклама —

Усвојувањето денес на резолуцијата во Бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес, и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.

— реклама —

Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои Бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Македонија | пред 6 часа

osmani

Бујар Османи ја поздрави двојазичната богослужба во Ростуше како чин на соживот

Коментари | пред 2 месеци

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

„Албанците не се алиби за криминал“, му вратија на Османи од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања