Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Москва не отстапува од Донбас: Путин е отворен за размена на територии надвор од регионот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Додека САД, Украина и Русија разговорaат за можен мировен договор, од Кремљ доаѓа јасна порака - Донбас мора целосно да премине под контрола на Русија. Само надвор од овој регион Москва би прифатила ограничени територијални компромиси, пишува рускиот „Комерсант“, повикувајќи се на извори кои присуствувале на состанок што Владимир Путин го одржал со водечки бизнисмени во Москва.

Според „Комерсант“, Путин бил подготвен да размислува за размена на дел од териториите што моментално ги контролира руската армија, но нагласил дека Донбас е услов без кој Москва нема да прифати конечен договор.

— реклама —

Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и Вашингтон се приближуваат до финалната верзија на мировниот план од 20 точки. И покрај напредокот, отворени остануваат прашањата за статусот на Донбас и иднината на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати нагласи дека сака да ја заврши војната во Украина и дека неговата администрација паралелно разговара и со Москва и со Киев, како и со европските партнери. Деталите од разговорите сè уште не се целосно објавени.

— реклама —

Според руските процени, Москва моментално контролира цел Крим, околу 90 проценти од Донбас и делови од регионите Запорожје и Херсон. Путин веќе изјави дека Киев би морал да се повлече од овие територии и да се откаже од членството во НАТО за да се постигне мировен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди помош на Иран за постигнување мир на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин „подготвен да помогне“ за смирување на судирот со Иран, додека војната која ја почнаа во Украина влегува во петта година

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди безбедни рути за меѓународна трговија

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања