Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Може да добиете награда: Град Скопје е во потрага на најдобро украсен двор и тераса, но и средношколци што добро пушвуаат раскази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
ukrasi-skopje

Град Скопје и годинава ја организира новогодишната манифестација „Украсуваме по скопски“, со која ќе ги награди најкреативните и највпечатливи празнично украсени домови и простори во главниот град.

— реклама —

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во натпреварот можат да се пријават телефонски на бројот 02/3297-265, секој работен ден од 9 до 16 часот, најдоцна до 23 декември 2025 година, информираат од Град Скопје.

— реклама —

Фотографии од украсените домови или дворови, заедно со податоци за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се достават и по електронска пошта на kabinet.nastani@skopje.gov.mk, како и по пошта на адреса:
бул. „Илинден“ бр. 82, со назнака „Украсуваме по скопски“.

— реклама —

Категории за наградување

Град Скопје ќе додели награди во следните категории:

  • Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа

  • Најубаво новогодишно украсена тераса од стан

  • Најубави раскази од средношколци на тема новогодишни желби и празнувања

Пријавените објекти ќе бидат посетени и оценети од жири-комисија составена од претставници на медиумите.

Од Град Скопје порачуваат дека целта на манифестацијата е да се поттикне празничниот дух, креативноста и заедништвото кај граѓаните во пресрет на новогодишните празници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања