Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Можно е затворање на целиот воздушен простор во САД, тотален хаос на американските аеродроми - доцнат летовите бидејќи нема контролори!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library5cf4itaetdqu8yr74GI
Unsplash

Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, бидејќи нема доволен број на контролори на летање, додека сојузната влада е блокирана веќе 34 дена, соопштија во понеделникот авијациските власти и авиокомпаниите.

Сојузната управа за авијација (FAA) информира дека поради недостиг на контролори се воведени доцнења на летовите во Далас и Остин, а слични мерки може да ги погодат и аеродромите во Хјустон и Вашингтон. Само во понеделникот биле забележани речиси 2.900 доцнења на летови.

— реклама —

Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници на Управата за безбедност во сообраќајот (TSA) се принудени да работат без плата, откако републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот не успеале да постигнат договор за буџетот, што довело до блокада на работата на владата. Поради изостаноци на службениците на TSA последните денови се забележани повеќечасовни редици на безбедносните проверки, особено во Хјустон и Сан Диего.

„Ако оцениме дека безбедноста на патувањата повеќе не е загарантирана, ќе го затвориме целиот воздушен простор. Засега станува збор само за значителни доцнења“, изјави министерот за сообраќај Шон Дафи.

— реклама —

Здружението Airlines for America, кое ги обединува најголемите американски авиопревозници, предупреди дека од почетокот на застојот на 1 октомври, поради недостиг на персонал, повеќе од 3,2 милиони патници биле погодени од доцнења или откажувања на летови и повика Конгресот итно да ја прекине буџетската блокада.

FAA претходно предупреди дека ѝ недостигаат околу 3.500 контролори на летање и дека продолжувањето на блокадата може да предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај за време на празничната сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygfrljf16g001ebrn2Y9

САД посегнува по украински систем за одбрана од дронови во близина на Иран

Свет | пред 2 часа

— реклама —
si-dziping2

Пекинг ја користи кризата за зајакнување на глобалното влијание

Свет | пред 2 часа

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 5 часа

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања