Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МВР воведува централен дигитален систем за вработените: набавка од 380 илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија

Министерството за внатрешни работи склучи договор вреден околу 380 илјади евра за нов интегриран информатички систем за плати, човечки ресурси и материјално-финансиско работење, покажуваат податоците објавени на страницата на Бирото за јавни набавки. Договорот е склучен со АСЕЕ ДООЕЛ, а рокот за испорака на софтверот, опремата и миграцијата на постоечките податоци е најмногу шест месеци.

Плаќањето ќе се врши на 30 месечни рати од по 663 илјади денари.

— реклама —

Новото софтверско решение ќе овозможи централизирано електронско досие за секој вработен во Министерство за внатрешни работи, со податоци за личен профил, работен статус, образование, безбедносни сертификати, распоредувања, унапредувања, боледувања, одземање службено оружје, годишни одмори и дисциплински постапки.

Системот ќе ги евидентира и платите, бонусите, додатоците, јубилејните награди, како и сите други исплати кон вработените, а ќе овозможи и целосна евиденција за договори за јавни набавки, нивна реализација, платен промет, благајничко и сметководствено работење.

— реклама —

Во делот на човечките ресурси, ќе се води детална историја за обуки, награди, судски и вонсудски предмети, службени патувања, како и база на лица кои изразиле интерес за вработување во МВР. Ќе постои и функционалност за интерни огласи и управување со систематизацијата на работните места, со автоматски аларми доколку се прават неусогласени распореди.

Дополнително, системот ќе овозможи напредно пребарување и генерирање извештаи по различни основи – по работно место, образование, стаж, пол, етничка припадност, место на живеење, отсуства, пензионирања и други параметри релевантни за кадровото планирање.

Во техничката спецификација е наведено дека системот мора целосно да ги почитува законските одредби за заштита на личните податоци. Физичко бришење на податоци нема да биде дозволено за обичните корисници, а сите интервенции ќе се евидентираат во безбедносни логови. Предвиден е и резервен систем за заштита на податоците во случај на хаварија.

По пуштањето на системот во употреба, изведувачот е обврзан да обезбеди обука за вработените во МВР и да подготви упатства за користење на новото решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0apu9u3ganaefeE18ye

Во Битола изгоре паркиран автомобил „форд“

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Недоразбирање во сообраќај прераснало во физички напад во Битола

Македонија | пред 3 минути

vozacka-1

Три случаи на возење без дозвола во Битола и Прилеп

Македонија | пред 5 минути

media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

МВР: Приведен 22-годишник од Гостивар по агресивно однесување кон полицијата

Македонија | пред 30 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања