Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МЗ: Одржана дебата со ученици од средните училишта, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4387

Во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за органодонорство и трансплантација во земјава, изминатата недела во просториите на „Еurope house“ Скопје се одржа дебата со ученици од средните училишта на тема органодонорство. На дебатата учествуваа ученици од средните државни училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Здравко Цветковски“, „Лазар Личеноски“, „Панче Караѓозов“, како и претставници од Сојузот на средношколци.

На дебатата учествуваа и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација, асс. д-р Билјана Андоновска, заменик национален координатор за трансплантација и Адријана Георгиев, раководителка на програмата за трансплантација на органи и ткива при Министерство за здравство.

— реклама —

Учениците од средните училишта имаа можност да ги слушнат и словенечките искуства на оваа тема од д-р Даница Авсец која со години го водеше „Словенија Трансплант“ и тим лидер на проектот за трансплантација и органодонорство, што во моментот се спроведува во нашата држава.

Дебатата се надоврзува на двата повика за визуелни дела, постери, слоган и лого за професионални дизајнери и за средношколци, со цел брендирање кампања која ќе ја покаже важноста на трансплантацијата, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.

— реклама —

- Од тоа што го слушам, младите во суштина го познаваат принципот на органодонорство и трансплантација. Идејата на оваа средба со учениците е да го доближиме процесот кој можеби изгледа страшно, дури и за повеќето здравствени работници, не само за средношколците. Сметам дека треба да допреме до младите како идна сила на ова општество – да се информирани, да носат сопствени одлуки. За жал, никој од нас не е вечен. Неопходен ни е разговор на теми од кои нема да се плашиме, и ќе градиме ставови. Некогаш животот нѐ носи во ситуации кога ни е потребно соочување и важни одлуки. Органодарувањето некогаш е живот, а некогаш продолжување на животот. Дарувањето после мозочна смрт значи уште поголема љубов од дарувањата во рамки на семејството. Лесно е да ги сакаме нашите членови од семејство, блиско и далечно. Но, кога се дарува на непознати приматели - зборуваме за човечката димензија на љубовта, која ги надминува границите на нашето семејство. Генерално, сѐ се сведува на тоа да си помагаме едни со други. Блиските секогаш треба да носат одлуки со кои ќе бидат во мир, и ќе бидат во согласност со нивните душевни и човечки особини, истакна д-р Мојсова.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за донирање и трансплантација на органи во Македонија“, финансиран од ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryepdhn8ud66pd2S5zjBs

Алиу: Со предлог измените на Законот за здравствена заштита се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Министерство за здраство: Нема прекин во терапијата за ретки болести

Македонија | пред 1 ден

media-librarymu6ojdu8al5063F6xNX

Алиу-Андоновска: Обезбедени 7.500 вакцини против Хепатитис Б, наменети за здравствени работници

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

Министерството за здравство: Нема долг кон „Комунална хигиена“, тврдењата за 5 милиони евра се неточни

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања