Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

На „Ѕид на срамот“ плагијатите и неквалитетните магистерски и дипломски трудови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
vesna-janevska

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека ќе има нов софтвер за plagijati.mon.gov.mk – алатката за откривање препишани трудови и најави т. н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат несоодветни трудови затоа што, како што рече, на разни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.

— реклама —

,,Кога на страниците ќе излезе оглас дека некој пишува магистерска за 300 евра е работа на полиција и на инспекцијата. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат, е првиот чекор. Вториот чекор за кој треба малку време е магистериумите и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти.Кај нас вообичено менторите ја нудат темата. Имаат проект, па им нудат на студентите. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, но не секогаш може да се изведат.

— реклама —

Но, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата.Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. о. Се зборува дека на разни универзитети, на разни факултети поминуваат магистерски и докторати кои се на пониско ниво, ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, една и единствена, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има такви луѓе. Кога ќе биде се јавно, ќе почнат поинаку да се однесуваат, во тоа сум длабоко убедена“, рече министерката Јаневска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

menza-studentski-dom-1

Рокот за субвенциониран студентски оброк истекува на 5 март

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Јаневска: Новиот закон не дискриминира, туку воведува меритократија

Македонија | пред 1 месец

media-library7b62glv6c0mh84HMOeX

МОН почнува јавна расправа со професорите за реформите во високото образование

Македонија | пред 1 месец

IMG_4387

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари, потврди министерката Јаневска

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања