Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нагло пораснаа цените на плинот во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
plin

Цените на природниот гас на европските пазари бележат остар раст по нападите врз катарскиот индустриски комплекс Рас Лафан, еден од клучните центри за глобално снабдување со гас.

Во раното тргување, цените на големо во Европа и Велика Британија пораснаа за повеќе од 25 проценти, пред да се стабилизираат. Сепак, и покрај краткото смирување, тие остануваат повеќе од двојно повисоки во споредба со периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

— реклама —
media-libraryh00f8i3c8vc6aYUdDsY

Нов бран поскапување беше забележан утринава, кога цените скокнаа за над 20 проценти, директно под влијание на нападите врз енергетската инфраструктура, вклучително и главното гасно постројување во Катар.

Според катарската државна енергетска компанија, две серии ирански напади предизвикале „обемна штета“ врз главниот гасен јазол во земјата, што дополнително ја засили загриженоста за глобалното снабдување.

— реклама —

Паралелно со гасот, расте и цената на нафтата, која се зголеми за околу 5 проценти и достигна приближно 113 долари за барел.

Аналитичарите предупредуваат дека енергетските пазари влегуваат во нова фаза на нестабилност, а секоја нова ескалација на конфликтот може да предизвика дополнителен ценовен шок што директно ќе се одрази врз европските економии и граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања