Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЕВРОПА

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Бројот на имигранти кои живеат во Европската Унија достигна рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување за околу 2,1 милион во однос на претходната година, покажува ново истражување на Центарот за истражување и анализа на миграции при РФ Берлин.Во извештајот, кој се повикува на податоци од Евростат и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, се наведува дека во 2010 година во ЕУ имало околу 40 милиони имигранти, што значи дека за 15 години бројката значително пораснала.Германија и натаму е земјата со најголем број жители родени во странство – речиси 18 милиони, од кои 72 проценти се во работоспособна возраст. Најбрз раст бележи Шпанија, каде бројот на лица родени во странство се зголемил за околу 700.000 и достигнал 9,5 милиони.Истражувањето покажува дека миграциските текови не се рамномерно распределени низ Унијата. Во однос на големината на населението, најголем удел на имигранти имаат Луксембург, Малта и Кипар.Барањата за азил, пак, се концентрирани во неколку земји – Шпанија, Италија, Франција и Германија, кои заедно сочинуваат речиси три четвртини од сите поднесени барања. Германија има и најголем број бегалци – околу 2,7 милиони.

Свет | пред 20 часа

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот теснец – без САД

Европските лидери подготвуваат нова воена мисија за обезбедување на Ормутски теснец, која ќе се реализира без директно учество на САД, со цел стабилизација на еден од најкритичните енергетски коридори во светот.На видеоконференција што ќе се одржи утре, со која ќе копретседаваат Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ќе учествуваат околу триесетина држави. Во Париз физички ќе бидат присутни и германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.Според француското претседателство, целта е да се понуди „трет пат“ – алтернатива меѓу политиката на максимален притисок врз Иран и директна воена ескалација.САД нема да бидат дел од мисијата, ниту од самата конференција, иако од Париз нагласуваат дека ќе има координација со Вашингтон. Образложението е дека европските држави не се директна страна во конфликтот и сакаат да задржат независна позиција.Мисијата ќе може да се реализира само под строги услови – гаранции од Иран дека нема да напаѓа бродови и обврска од САД дека нема да го блокираат поморскиот сообраќај. Во моментов, состојбата се опишува како нестабилно примирје без јасна долгорочна гаранција.Ормутскиот теснец е клучна точка за глобалната економија, преку која минуваат околу 20 проценти од светската нафта и течен гас. Затоа, европските земји размислуваат за ангажман на миноловци и други поморски капацитети, во обид да се спречи дополнителна ескалација и да се обезбеди непречен транспорт.Иницијативата сигнализира нова фаза во европската безбедносна политика – обид за самостојно дејствување во глобални кризи, без директно вклучување на САД.

Свет | пред 5 дена

media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Европа до крајот на векот ќе изгуби околу 53 милиони жители, што претставува пад од 11,7 проценти, покажуваат најновите проекции на Евростат, објавени денеска.Според анализата, населението на Европската унија ќе достигне врв од околу 453 милиони жители во 2029 година, по што ќе започне долгорочен пад, кој до 2100 година ќе го намали бројот на жители под 400 милиони, пренесува Политико.Клучниот проблем е драматичниот пад на наталитетот. Стапката на раѓања е околу 1,3 деца по жена – значително под нивото потребно за одржување на населението, што доведува до стареење на континентот и намалување на работоспособната популација.Проекциите укажуваат дека до крајот на векот бројот на лица постари од 80 години ќе се зголеми повеќе од двојно, што ќе создаде сериозен притисок врз пензиските и здравствените системи.Овој тренд веќе предизвикува политички реакции. Претседателот на Франција Емануел Макрон предупреди на потребата од „демографско вооружување“, откако во земјата за првпат по Втората светска војна бројот на починати ја надмина бројката на новородени.И покрај тоа што миграцијата делумно го ублажува падот, анализите покажуваат дека таа не може целосно да ја надомести ниската стапка на раѓања. Во исто време, политиките кон мигрантите стануваат сѐ построги, што дополнително го усложнува демографскиот баланс во Европа.Долгорочно, ова значи помалку работници, повеќе пензионери и суштинска трансформација на економските и социјалните системи на континентот.

Свет | пред 5 дена

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

САД го пренасочуваат оружјето: Европа ќе чека поради војната во Иран

САД ги известиле европските сојузници дека дел од веќе договорените испораки на оружје ќе доцнат, поради тоа што војната во Иран значително ги празни американските воени резерви, јавуваат извори за Reuters.Според информациите, доцнењата ќе погодат повеќе европски држави, меѓу кои и земји од Балтичкиот регион и Скандинавија. Станува збор за оружје купено преку американската програма за странска воена продажба (FMS), кое сè уште не е испорачано.Токму овие пратки сега се под ризик од одложување, бидејќи приоритетот на Вашингтон се пренасочува кон тековните воени операции и потребите поврзани со конфликтот со Иран.Засега, White House, Pentagon и State Department не одговориле на барањата за коментар, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу временската рамка за испораките.Овој развој отвора сериозни прашања за капацитетот на САД истовремено да поддржуваат повеќе безбедносни фронтови, додека европските сојузници се соочуваат со потенцијален јаз во одбранбените планови.

Свет | пред 5 дена

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: На Европа очајнички ѝ треба енергија

Доналд Трамп остро ја критикуваше енергетската политика на Обединетото Кралство, обвинувајќи ја дека со одбивањето да ја експлоатира нафтата од Северното Море ја остава Европа без клучен енергетски извор.Во објава на својата платформа Truth Social, Трамп порача дека Европа очајнички има потреба од енергија, додека Велика Британија не ги користи сопствените ресурси. Тој посочи дека градот Абердин би требало да доживее економски бум, додека Норвешка, според него, профитира продавајќи нафта од Северното Море по повисоки цени.„Треба да бушат, а не да градат ветерници“, напиша Трамп, критикувајќи ја и ориентацијата кон обновливи извори на енергија.Неговите изјави доаѓаат во време на зголемени тензии на глобалните енергетски пазари, поттикнати од конфликтите на Блискиот Исток и американската поморска блокада на Иран, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со нафта.Во меѓувреме, цените на нафтата растат поради стравувањата од нарушувања во Ормускиот теснец, преку кој минува значителен дел од светската трговија со енергенси, додека европските земји се обидуваат да најдат стабилни алтернативи по намалувањето на зависноста од руски енергенси.

Свет | пред 1 седмица

media-library92ustei57jf949YqZ0g

(Видео) Хаос во Ирска: Третина пумпи без гориво, блокирани патишта, револтирани граѓани

Додека Европа се обидува да одржи привид на стабилност, во Ирска е хаос. Третина од бензинските пумпи се без гориво. Клучни улици во Даблин се блокирани. Колони цистерни, под полициска придружба, како да станува збор за конвои во воена зона, а не за снабдување со гориво во една развиена европска држава.Сликата е повеќе од симболична: држава членка на ЕУ која не може да гарантира елементарно функционирање на системот кога ќе се соочи со притисок. И тоа не поради недостиг на ресурси, туку поради блокиран систем. Доволно гориво има, велат надлежните. Само што не може да стигне до граѓаните.Клучната точка, рафинеријата Whitegate е тесно грло. Доволно е неколку камиони и трактори да ги затворат пристапните патишта и ,,модерната економија” паѓа на колена. Ова не е само протест. Ова е демонстрација колку е кревка инфраструктурата кога зависи од неколку артерии.Во меѓувреме, цената ја плаќаат граѓаните. Редови, паника, неизвесност. Уште полошо, и итните служби се под притисок. Кога пожарникарите почнуваат да одлучуваат кои интервенции „не се доволно итни“, тоа веќе не е економска криза. Тоа е аларм.И додека властите повикуваат на смирување и уверуваат дека „сè ќе се нормализира за неколку дена“, реалноста на теренот зборува поинаку: систем што функционира само кога никој не го предизвикува – не е стабилен систем, туку привремена рамнотежа.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Криза со авионско гориво се заканува на Европа: поскапувања и укинување летови

Европа се соочува со сериозна закана од криза со авионско гориво, откако цените на керозинот пораснаа за дури 95 проценти поради конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец – клучна глобална рута за транспорт на нафта.Според Меѓународна агенција за енергија, ограничувањето на снабдувањето веќе создава притисок врз пазарите, а најпогоден е токму секторот на авионско гориво. Аналитичарите предупредуваат дека април и мај ќе бидат критични месеци за достапноста.Првите последици веќе се чувствуваат. Скандинавската авиокомпанија SAS најави откажување на најмалку 1.000 летови, а слични мерки се очекуваат и кај други превозници доколку цените продолжат да растат.Експертите посочуваат дека Европа во голема мера зависела од увоз на гориво преку Ормутскиот теснец – дури 42 проценти од поморскиот увоз на ЕУ и Велика Британија минувал низ оваа рута. Со неговото затворање, снабдувањето се намалува, а алтернативите се ограничени.Иако некои земји како Германија, Италија, Шпанија и Холандија имаат посилни рафинериски капацитети, клучно прашање е колку долго ќе можат да ги покриваат потребите. Проценките покажуваат дека резервите варираат – од три до осум месеци, зависно од земјата, но тие бројки не ги земаат предвид евентуалните логистички проблеми и растот на побарувачката.Дополнителен проблем е што авионското гориво не може да се складира во големи количини на аеродромите, што го прави системот зависен од континуирана испорака. Тоа значи дека и краткотрајни прекини можат брзо да предизвикаат сериозни оперативни нарушувања.Како алтернатива, Европа се повеќе се потпира на увоз од САД, но и покрај рекордните испораки, тие се далеку под нивото потребно за целосно покривање на недостигот.Последиците за патниците се извесни: поскапи авионски билети, дополнителни такси за гориво и намалување на бројот на летови, особено на помалку профитабилните линии.Во меѓувреме, Европска комисија собира податоци од земјите членки, по што ќе се разгледуваат евентуални заеднички мерки. Но засега, првиот чекор е координација и проценка на реалната состојба.Аналитичарите предупредуваат дека, доколку кризата потрае и не се воспостават стабилни алтернативни канали за снабдување, европскиот авиосообраќај може да влезе во период на долготрајна нестабилност.

Свет | пред 2 седмици

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Европа пред долг енергетски потрес: цените на горивата нема за брзо да се смират

Европската унија се подготвува за продолжен енергетски шок што веќе ги потресува пазарите и ги турка цените на горивата нагоре, со проценка дека пад на цените не треба да се очекува во скоро време. Предупредувањето доаѓа во контекст на воениот судир на Блискиот Исток и зголемените ризици по снабдувањето, кои ја отворија дилемата дали ЕУ ќе мора да посегне по вонредни мерки, вклучувајќи рационализација на одредени видови гориво и дополнително ослободување на нафта од стратешките резерви.Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен во интервју за „Фајненшел тајмс“ оценува дека кризата ќе трае и дека цените ќе останат високи „многу долго“, со напомена дека кај некои „покритични“ производи во наредните недели може да биде „уште полошо“.Пазарната вознемиреност дополнително се зголеми по извештаите за речиси затворање на Ормускиот теснец и по нападите врз инфраструктура во Персискиот Залив, што предизвика страв од подолготрајни прекини во испораките. Во Брисел нагласуваат дека Унијата засега не е во состојба на криза на безбедноста на снабдувањето, но дека се подготвуваат планови за справување со „структурни“ и долгорочни последици од конфликтот.Еден од најчувствителните сегменти е авионското гориво. Според најавите, европските институции ја разгледуваат целата палета алатки – од трговски и регулаторни решенија до евентуални законодавни интервенции – ако ситуацијата дополнително се влоши. Притоа, посочено е дека ЕУ и САД имаат различни стандарди за авионско гориво, што може да го ограничи увозот и да ја усложни логистиката во услови на притисок врз понудата.Во меѓувреме, енергетскиот удар се прелева глобално и ги засилува инфлаторните притисоци, со ризик да го успори економскиот раст. Дел од владите веќе подготвуваат пакети за поддршка на потрошувачите и фирмите, а некои земји размислуваат и за враќање на одредени капацитети на јаглен како привремено решение.Од ЕУ порачуваат дека „подобро е да се биде подготвен отколку подоцна да се жали“, а како можност што останува отворена се споменува и ново ослободување на стратешки резерви на нафта доколку ценовните и снабдувачките притисоци продолжат да растат.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Европа на удар од „експлозија“ на дизелот: фјучерсите над 200 долари, страв од недостиг и нов инфлаторен бран

Цените на дизелот во Европа денеска (3 април 2026) се искачија на највисоко ниво од 2022 година, откако фјучерсите за дизел на лондонскиот пазар скокнаа над 200 долари по барел, односно околу 1.498 долари по тон, со дневен раст близу 10 проценти.Пазарниот шок доаѓа во услови на сериозни нарушувања во снабдувањето, поврзани со војната со Иран и затворањето на Ормускиот теснец. Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, цените на дизелот речиси се удвоија, додека паралелно се засили и притисокот врз цените на суровата нафта.Затворањето на стратешкиот морски премин ги пресече транспортните коридори за милиони барели рафинирани деривати, меѓу кои и дизелот. Дел од рафинериите реагираа со намалување на производството, а трговците се обидуваат да обезбедат алтернативни испораки преку значително подолги маршрути, што дополнително ги крева трошоците и ја намалува достапноста на пазарот.Дизелот, како клучен енергент за товарниот транспорт, земјоделството и индустријата, има директно влијание врз цените на стоките и услугите. Затоа, неговото поскапување се гледа како дополнителен ризик за нов инфлаторен бран, особено во економии кои веќе се чувствителни на енергетски шокови.Европа, која произведува помалку дизел отколку што троши, во голема мера се потпира на увоз. Аналитичарите предупредуваат дека, доколку кризата не се стабилизира, регионот може да се соочи со недостиг во наредните недели, со последици што би се прелеале на логистиката, производството и потрошувачката.Растот на цените не е ограничен само на Европа. Во САД дизелот надмина четири долари за галон, додека во Азија цената привремено ја помина границата од 200 долари по барел, што укажува на ширење на притисокот низ глобалните енергетски пазари.Неизвесноста дополнително се зголеми по најавите за продолжување на воената кампања против Иран, што ги засили очекувањата за подолготрајни прекини во снабдувањето. Во меѓувреме, европските држави бараат начини да ја ублажат енергетската криза со поголема употреба на обновливи извори, но краткорочно остануваат зависни од течните горива и нивната достапност на светскиот пазар.Дипломатските напори за деескалација и повторно отворање на Ормускиот теснец засега не даваат конкретни резултати, а трговците и индустријата се подготвуваат за продолжена нестабилност и дополнителни ценовни удари.

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Европа уште троши од гасните резерви: складиштата паднаа на 28%

И покрај повикот на Европската комисија што побрзо да започне вбризгување гас во складиштата, европските земји и натаму продолжуваат со повлекување гас од сопствените резерви, покажуваат најновите достапни податоци.Според бројките за 28 март, нивото на пополнетост на гасните складишта во Европа се спуштило на 28%. Повлекувањето продолжува во повеќе држави, меѓу кои Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Словачка и Шведска.Особено загрижувачки е просекот кај дел од најголемите потрошувачи во Европската унија. Во Германија, Франција и Холандија, просечната пополнетост е околу 17,4%, а холандските подземни складишта, заклучно со 28 март, се на само 5,3% – најниско ниво откако се вршат мерења.Во вакви услови, се зголемува неизвесноста околу темпото со кое Европа ќе успее да ги надополни резервите пред следната сезона, кога потребите традиционално растат. Во јавноста се појавуваат и предупредувања дека комбинацијата од ниски резерви и временски услови може да ја направи задачата уште потешка.„Нивото на пополнетост на гасните складишта во ЕУ што го гледаме во моментов може да се опише како критично ниско за современа Европа… минатата недела температурата на воздухот беше значително под климатскиот просек во дел од клучните региони на континентална Европа што трошат гас“, изјави генералниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер.За споредба, на истиот датум лани пополнетоста изнесувала 33,5%, додека во 2024 година била 58,7%, што дополнително ја нагласува разликата во стартната позиција за годинешното полнење на складиштата.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц: Војната со Иран би можела да ја погоди Европа повеќе отколку пандемијата на ковид

Фридрих Мерц, германскиот канцелар, повика на брз прекин на американско-израелската воена кампања против Иран, предупредувајќи дека ескалацијата во поширок регионален конфликт сериозно би ја оптоварила европската економија, јавува Anadolija.„Ако овој конфликт ескалира во голем регионален судир, тоа може да ја оптовари Германија и Европа дури и повеќе отколку што доживеавме за време на пандемијата на ковид-19 или на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година“, изјави Мерц на заедничка прес-конференција во Берлин со сирискиот претседател Ахмед ел Шар.Мерц истакна дека за време на разговорите со сирискиот претседател биле разгледани најновите случувања на Блискиот Исток и опасностите од продолжен или поширок конфликт.

Свет | пред 3 седмици

873x400-1-16

Нафтата падна под 100 долари, европските берзи во силен раст

Цената на нафтата падна под граница од 100 долари по барел, додека европските берзи бележат силен раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека војната со Иран може да заврши „многу брзо“.Нафтата од типот Брент во моментов се тргува по цена од 99,32 долари за барел, што претставува значителен пад во однос на претходниот период, кога цените беа под силен притисок поради геополитичките тензии.Истовремено, европските финансиски пазари реагираа позитивно. Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 порасна за 1,7 проценти, германскиот ДАКС забележа раст од 2,5 проценти, додека францускиот ЦАЦ 40 порасна за 2,1 процент.Пазарните движења доаѓаат по пет недели изразена нестабилност на цените на нафтата, предизвикана од воениот конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, кој сериозно влијаеше врз глобалните енергетски текови.Инвеститорите очигледно реагираат на сигналите за можно смирување на конфликтот, што

Свет | пред 3 седмици

media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Колку тешка криза ја чека Европа?

Европа се соочува со сериозен енергетски и економски шок поради војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец, што директно го загрозува снабдувањето со нафта и гас и може да предизвика последици споредливи со пандемијата или почетокот на војната во Украина.Околу 20 проценти од светската нафта и гас поминуваат низ Ормутскиот теснец, чија блокада веќе создава сериозни нарушувања на глобалните пазари. Европските лидери предупредуваат дека кризата може да има долгорочни последици врз индустријата, транспортот, цените на храната и инфлацијата.„Ако војната продолжи, тоа ќе биде товар за европската економија споредлив со пандемијата или почетокот на војната во Украина“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.И други европски лидери предупредуваат на долготрајни последици.„Долгорочните последици може да ги надминат сите сценарија што денес можеме да ги замислиме“, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.Енергетската криза веќе почнува да се прелева во повеќе сектори. Цените на горивата растат, а притисокот се пренесува врз транспортот, индустријата и производството. Погодени се и клучни сектори како производството на ѓубрива, пластика и полупроводници, што дополнително ги зголемува трошоците во економијата.Аналитичарите предупредуваат дека Европа нема доволно резерви за да се справи со ваков удар.„Немаме резерви. Немаме никаква сигурност“, изјави аналитичарката Ана Марија Јалер-Макаревич.Дополнителен проблем претставува и зголемената конкуренција од азиските пазари, кои агресивно ги купуваат преостанатите количини на енергенси, пренасочувајќи ги испораките од Европа.„Имаме сценарио на целосно затворање на клучен енергетски коридор, што е ретко видено“, изјави Јалер-Макаревич.Најголем ризик постои ако блокадата на теснецот потрае подолго време, што би довело до уште поголем раст на цените и подлабока економска криза.„Ако теснецот остане затворен, практично нема алтернатива“, изјави аналитичарот Хомајун Фалакшахи.Посебно погоден е воздушниот сообраќај, каде цените на горивото веќе се удвоени, што ги принудува авиокомпаниите да ги зголемуваат цените и да размислуваат за намалување на летовите.„Индустријата не може да го апсорбира овој удар“, изјави директорот на Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт, Вили Волш.Кризата веќе се прелева и во индустријата, особено во хемискиот сектор, каде растат трошоците за енергија и суровини, што се одразува врз цените на производите.Економистите предупредуваат и на ризик од стагфлација — комбинација од слаб економски раст и висока инфлација, што дополнително ќе го отежне закрепнувањето.„Овој бран може да наликува на стагфлацијата од 1970-тите“, изјави европскиот комесар Валдис Домбровскис.Европската економија веќе се очекува да забави, со раст од околу еден процент, додека инфлацијата би можела повторно да се зголеми, што би довело до повисоки каматни стапки и поскапи кредити.Дури и во случај на брз крај на конфликтот, експертите предупредуваат дека последиците ќе траат најмалку една година.„Дури и ако утре има мир, последиците ќе останат, бидејќи инфраструктурата е уништена и продолжува да се уништува“, изјави Фатих Бирол.Европа, според проценките, има недели, а не месеци за подготовка пред кризата целосно да се почувствува во секојдневниот живот и економијата.

Свет | пред 3 седмици

den-na-evropa

Европа пред нов ценовен удар: Инфлацијата расте поради војната во Иран

Војната во Иран веќе почнува директно да се одразува врз џебот на европските граѓани, додека новите податоци покажуваат забрзување на инфлацијата и отвораат сериозна дилема пред европските власти за тоа како да реагираат на растот на цените.Според анализа на Politico, инфлацијата во еврозоната во март достигнала највисоко ниво во повеќе од една година, поттикната од наглото поскапување на горивата како последица на конфликтот што ги наруши клучните светски трговски рути.Новите бројки го ставаат раководството на Европската централна банка пред сложен избор – дали да ги зголеми каматните стапки за да ја сопре инфлацијата, или да избегне дополнителен притисок врз економијата која веќе трпи поради високите цени на енергијата.Слична дилема постои и кај владите низ Европа, каде што цените на енергенсите веќе достигнуваат високи нивоа, а можноста за нови субвенции е ограничена, за разлика од 2022 година кога беа воведени масовни мерки за поддршка.Според податоците на Евростат, потрошувачките цени во март пораснале за 1,2 проценти на месечно ниво, односно за 2,5 проценти на годишно ниво, што е значително забрзување во однос на февруарските 1,9 проценти и отстапување од минатогодишниот тренд кога инфлацијата се движеше околу целта од 2 проценти.Растот е речиси целосно резултат на поскапувањето на енергенсите, што укажува дека глобалниот раст на цените на нафтата брзо се пренесува врз крајните потрошувачи. Истовремено, базичната инфлација бележи благо забавување.Аналитичарите предупредуваат дека најлошото допрва може да дојде доколку конфликтот се продлабочи.„Инфлацијата во наредните месеци ќе достигне врв над 3 проценти, а може да порасне и значително над 4 проценти ако дојде до дополнителна ескалација“, изјави аналитичарот Феликс Шмит од банка Беренберг.Во Европската централна банка засега се надеваат дека ваквото сценарио ќе се избегне, нагласувајќи дека нема да брзаат со зголемување на каматните стапки поради т.н. шокови на понудата врз кои имаат ограничено влијание.Сепак, сигналите од теренот не се охрабрувачки. Истражување на Европската комисија покажува значително зголемување на бројот на компании кои планираат да ги покачат цените во следниот период, што дополнително го зголемува ризикот од долгорочна инфлација.Дополнителна загриженост изрази и главниот економист на Европската централна банка Филип Лејн.„Политичкиот систем мора да се насочи кон оние на кои им е помошта најпотребна, наместо да се води од „просечниот гласач“ и да се обидува да опфати што е можно поголем број луѓе“, изјави Филип Лејн.Во меѓувреме, вниманието е насочено кон следниот состанок на Европската централна банка закажан за 30 април, на кој се очекува каматните стапки да останат на сегашното ниво од 2 проценти. Сепак, доколку кризата продолжи, аналитичарите не ја исклучуваат можноста за ново заострување на монетарната политика до крајот на годината.Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард веќе предупреди дека искуството од претходните кризи остава долгорочни последици врз економските очекувања.„Цела генерација сега ја доживеа својата прва епизода на висока инфлација. Следниот пат можеби нема да бидат толку бавни во реакцијата“, изјави Кристин Лагард.

Свет | пред 3 седмици

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европските држави првпат отворено му се спротивставуваат на Трамп: Забрани, одбивања и јасна порака

Европските држави првпат отворено и координирано се спротивставуваат на политиките на Доналд Трамп во војната со Иран, преземајќи конкретни мерки што директно ги ограничуваат американските воени активности.Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операциите против Иран и не дозволи користење на своите воени бази, испраќајќи јасна порака дека нема да учествува во конфликтот.Италија одби да дозволи слетување на американски стратешки бомбардери, повикувајќи се на непочитување на процедурите и отсуство на координација со нејзините институции.Во исто време, Полска го одби барањето на САД да испрати системи „Патриот“ на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тие се клучни за сопствената безбедност и одбрана на источниот фронт на НАТО.Франција, пак, забрани прелет на американски и сојузнички авиони кои транспортираат воена опрема за Израел, што дополнително ги заостри односите со Вашингтон.Овие потези доаѓаат во момент кога конфликтот влегува во втор месец, а реториката од САД станува сè поагресивна, со паралелни најави за преговори и нови воени акции.За разлика од претходните кризи, европските земји овојпат не остануваат само на дипломатски пораки, туку преземаат конкретни чекори што директно ги блокираат американските операции, повикувајќи се на меѓународното право и ризикот од поширока дестабилизација.Со тоа, сè појасно се наѕира длабок раскол меѓу САД и дел од Европа – сигнал дека континентот повеќе не е подготвен автоматски да ја следи американската политика во вакви конфликти.

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-11-30-at-08.57.22

Ако Зеленски дојде до нуклеарно оружје, Европа ќе биде првата жртва на уцена, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Западна Европа би била „првата жртва на уцена“ доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде до нуклеарно оружје. Пораката ја поврза со барањата на Киев безбедносните гаранции за Украина да опфатат и прашања поврзани со нуклеарното вооружување.Според Захарова, во вакво сценарио Зеленски, покрај финансиска и воена поддршка, би поставувал услови пред западните земји во насока на, како што таа го опиша, „одржување на својот режим“. Таа оцени дека притисокот би се пренел врз европските држави и дека токму тие би се нашле меѓу првите изложени на ризик.Захарова повтори дека Москва инсистира Украина да има ненуклеарен статус, нагласувајќи дека тоа, според руската позиција, е „принципиелен став“ поврзан со причините за украинската криза.Изјавата доаѓа во контекст на продолжените тензии меѓу Русија и Западот околу моделот на безбедносни гаранции за Украина и долгорочната архитектура на европската безбедност.

Свет | пред 3 седмици

media-library9mv16su5939u2nVu14p

Ова место е прогласено за најубаво во светот – се наоѓа во Европа

Еден помалку познат планински масив на северот на Шпанија е прогласен за најубаво место на планетата од страна на магазинот Time Out, со што ги надмина светски познатите Алпи, Анди и Хималаи.Станува збор за Picos de Europa, односно Врвовите на Европа – планински масив кој е дел од Кантабриското Горје и се протега низ Астурија, Кантабрија, Кастиља и Леон, на само дваесетина километри од морскиот брег на Шпанија.Неговиот највисок врв, Torre de Cerredo, достигнува 2.650 метри надморска височина и сега се најде на врвот на листата на најубави светски локации.„Picos de Europa е вистинско чудо на природата, со пејзаж со исклучителна убавина. Планините стрмно се издигнуваат над морето, па од видиковците не се отвораат само погледи кон длабоки клисури и остри врвови, туку и кон блескави појаси на плажи и разбрануваното Кантабриско Море“, напиша уредникот на Time Out, Ед Канингам.„Во рамките на националниот парк се наоѓаат и бројни други природни и културни знаменитости: впечатливиот врв Naranjo de Bulnes, старите планински села Сотрес и Каин, блескавите леднички езера Ковадонга, како и истоимено светилиште и место за поклонување сместено во карпа над водопадот“, додаде тој.За посетителите, Канингам ја препорачува познатата пешачка патека Ruta del Cares. Оваа патека долга 23 километри минува низ кањон со стрмни карпи и водопади и важи за една од најпознатите планинарски рути во регионот.На листата на десет најубави места според Time Out, по Picos de Europa, следуваат Националниот парк Комодо во Индонезија, библиотеката во Morgan Library and Museum во Њујорк и долината Доуро во Португалија.Листата ја заокружуваат крајбрежјето Биг Сур во САД, езерото Алсвотер во Англија, стариот град на Болоња во Италија, ртот Капо Теста, Викторините водопади и долината Пунакха во Бутан.

Магазин | пред 4 седмици

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Предупредување до Европа: Иран распоредува ракети за да го погоди Лондон

Иран ги позиционира своите ракети за да го погодат Лондон, објави британскиот национален весник „Тајмс“, повикувајќи се на израелски разузнавачки и дипломатски извори. Причина за тврдењето се двете ракети испукани кон британската воена база во Диего Гарсија, која е на приближно исто растојание од Техеран како и западноевропските главни градови.„Иранскиот терористички режим претставува глобална закана. Со ракети способни да стигнат до Лондон, Париз или Берлин“, соопшти израелската војска.Изворите на британското издание тврдат дека двете ракети биле предупредувачки сигнал за Европа.Според еден дипломат, целта на Иран била да ги предупреди Велика Британија и европските сојузници, кои ги поддржуваат САД и Израел во обезбедувањето на Ормутскиот теснец. Изворот додаде дека веројатно претходно не било познато дека ракетата се наоѓа во арсеналот на Иран.„Доколку ракетата биде лансирана од северен Иран, нејзиниот дострел би можел да достигне низ цела Европа“, предупреди тој.Се верува дека ракетите се лансирани со најдолг дострел досега. Израелските одбранбени сили потврдија дека ракетата успеала да помине околу 4.000 км.Не е со сигурност познато дали ракетите стигнале до Диего Гарсија. Првата ракета била пресретната од американски брод, а втората паднала откако прелетала околу 3.200 км, приближно 640 км од американско-британската база на островите Чагос.Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека британскиот премиер Кир Стармер „ги става во опасност британските животи“.

Свет | пред 4 седмици

rusija

Американски новинар: „Ако Европа тргне во војна против Русија – ќе изгуби“

Западните политичари кои поттикнуваат омраза и зборуваат за војна со Русија немаат никакви шанси за победа над Москва, изјави американскиот новинар Такер Карлсон.„Се лутам на европските политичари. Тие се лажговци. И кога Кир Стармер или Фридрих Мерц или Емануел Макрон го одвлекуваат вниманието од катастрофите што се случуваат во нивните земји за да кажат дека вистинскиот непријател е Русија, во тоа гледам измама и предавство на сопствениот народ. Го презирам тоа. Тие немаат намера да војуваат против Русија, а ако тргнат, нема да победат. Тоа е факт“, изјави Карлсон за „Економист“.Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел ја подготвува Европа за војна и дека појавата на европски војници во Украина е само прашање на време.„Се приближува војна. Брисел се зафати со војната во Украина. Поради тоа сега се подготвува за војна. Веќе премина на воена економија. Не сакаат да ги избегнат проблемите – одат директно кон нив. Повеќе оружје, повеќе пари, повеќе војници... Не можеме да го предвидиме денот или часот кога првиот војник од Брисел ќе стапне на украинска територија, но тоа ќе се случи и мора да се држиме подалеку од тоа“, изјави Орбан.

Свет | пред 1 месец

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Ормутскиот теснец ја тресе Европа: Италија и Белгија најпогодени

Речиси целосниот прекин на трговскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец сериозно ги погоди економиите на Европската Унија, а најголем удар трпат Италија и Белгија, покажува нова анализа на европски истражувачки институти.Според студијата на „Supply Chain Intelligence Institute Austria“, „Complexity Science Hub“ од Виена и Технолошкиот универзитет во Делфт, најголем ризик постои кај земјите кои се силно зависни од увоз на енергенси од Персискиот Залив.Италија е најизложена, со годишен увоз од регионот вреден околу 9,8 милијарди долари. Од ова, значаен дел отпаѓа на течен природен гас од Катар (околу 4,4 милијарди долари) и пропан (приближно 3,2 милијарди долари).Белгија, пак, е силно зависна од катарскиот течен гас, кој годишно го увезува во вредност од околу 5,8 милијарди долари, главно преку пристаништето Зебриж, што ја прави особено ранлива на нарушувања во снабдувањето.Ормутскиот теснец не е значаен само за енергенсите, туку и за глобалната трговија со дијаманти, кои се транспортираат од Обединетите Арапски Емирати кон Антверпен.Германија годишно увезува стока од регионот во вредност од околу 5,7 милијарди долари, претежно од Емиратите, додека Обединетото Кралство е најизложено на ниво на Европа, со увоз вреден околу 12,9 милијарди долари, од кои речиси половина се гасни производи од Катар.Авторите на студијата предупредуваат дека економските последици ќе зависат од времетраењето на блокадата. Доколку трае подолго од четири недели, нарушувањата може да се прелеат низ глобалните синџири на снабдување и да предизвикаат поширока економска криза.Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец по американско-израелските напади, воведувајќи ограничувања за бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, што дополнително ја продлабочува неизвесноста на светските пазари.

Свет | пред 1 месец

plin

Нагло пораснаа цените на плинот во Европа

Цените на природниот гас на европските пазари бележат остар раст по нападите врз катарскиот индустриски комплекс Рас Лафан, еден од клучните центри за глобално снабдување со гас.Во раното тргување, цените на големо во Европа и Велика Британија пораснаа за повеќе од 25 проценти, пред да се стабилизираат. Сепак, и покрај краткото смирување, тие остануваат повеќе од двојно повисоки во споредба со периодот пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.Нов бран поскапување беше забележан утринава, кога цените скокнаа за над 20 проценти, директно под влијание на нападите врз енергетската инфраструктура, вклучително и главното гасно постројување во Катар.Според катарската државна енергетска компанија, две серии ирански напади предизвикале „обемна штета“ врз главниот гасен јазол во земјата, што дополнително ја засили загриженоста за глобалното снабдување.Паралелно со гасот, расте и цената на нафтата, која се зголеми за околу 5 проценти и достигна приближно 113 долари за барел.Аналитичарите предупредуваат дека енергетските пазари влегуваат во нова фаза на нестабилност, а секоја нова ескалација на конфликтот може да предизвика дополнителен ценовен шок што директно ќе се одрази врз европските економии и граѓаните.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Европа нуди договор на Трамп

Финскиот претседател Александер Стуб излезе со идеја за можна геополитичка размена меѓу Европа и САД, која би можела истовремено да влијае врз конфликтот во Украина и кризата во Персискиот Залив.Според предлогот, Европа би понудила воена поддршка за обезбедување на Ормускиот Теснец – клучен коридор за глобалната нафта, кој Иран го блокираше – а за возврат би побарала од американскиот претседател Доналд Трамп целосна поддршка за Украина.„Мислам дека тоа е навистина добра идеја... всушност, одлична идеја“, изјави Стуб, посочувајќи дека ќе ја разгледа опцијата со својот тим.Овој предлог доаѓа во момент кога европските лидери се загрижени дека конфликтот меѓу САД и Иран директно ја слабее позицијата на Украина во војната со Русија.Растот на цените на нафтата, поттикнат од кризата во Заливот, носи дополнителни приходи за Москва, додека истовремено американските ресурси – особено системите за противвоздушна одбрана – се пренасочуваат од Украина кон Блискиот Исток.Стуб предупреди дека мировните преговори за Украина се на критична точка и дека постои ризик Киев да биде притиснат на неповолен договор, вклучително и територијални отстапки кон Русија.„Постои реална опасност Украина да биде оттурната кон лошо решение или преговорите целосно да пропаднат“, оцени тој.Дополнително, постои страв дека Европа би можела да остане без американска поддршка, што би ја принудило самостојно да ја засили воената и разузнавачката помош за Украина.Финскиот претседател призна дека неговото влијание врз Трамп е ограничено, и покрај добрите лични односи.„Ако од десет мои идеи помине една, ќе сметам дека тоа е успех“, рече Стуб.Според него, војната на Блискиот Исток веќе има негативни последици за Украина – не само преку економските ефекти, туку и преку пренасочување на вниманието и ресурсите од европскиот фронт.

Македонија | пред 1 месец

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

„Стратешката автономија“ како празна фраза: војната против Иран ја разголи зависноста на Европа

Масовната американско-израелска воена офанзива против Иран, започната кон крајот на февруари 2026 година, отвори поширока рана од самата блискоисточна ескалација: разоткри колку Европа, и покрај сите декларации, останува политички и безбедносно врзана за одлуките на Вашингтон. Во текст што се чита како дијагноза на континентална слабост, се тврди дека „европската стратешка автономија“ во практика е далеку од реалност – особено кога кризата се префрла од дипломатски соопштенија во воена логистика, санкции и енергетски шокови.Во срцето на критиката стои распадот на европската дипломатска самодоверба, градена со години врз концептот на „мека моќ“ и преговарање. Како симбол на тоа се наведува нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, што долго време се третираше како доказ дека глобалните кризи можат да се решаваат со договори, а не со бомби. Но, по американското повлекување од договорот во 2018 година и по воздушните удари на 28 февруари 2026 година, европската улога се сведува на набљудувач – со ограничена способност да ја наметне сопствената агенда.Клучниот парадокс, според анализата, е дека европските лидери јавно покажуваат отпор и дистанца од американската линија, оценувајќи ја војната како проблематична од аспект на меѓународното право, но истовремено немаат ниту институционални механизми, ниту воена сила, ниту внатрешна кохезија за да се спротивстават кога притисокот ќе се претвори во конкретни барања и последици.Во таа рамка, се издвојуваат различни национални позиции што ја кријат и ја откриваат европската неединственост. Шпанија и Италија, според наведувањата, излегуваат со најдиректни пораки против користење национални капацитети за офанзивни операции, додека Франција инсистира на дистанцирање од учество во ударите. Велика Британија, пак, се обидува да балансира – дозволувајќи употреба на бази само за „одбранбени“ цели, без отворено навлегување во напади врз иранска територија. Спротивната линија ја демонстрира Германија, каде стравот од руската закана и потребата од американскиот безбедносен чадор, според текстот, ја туркаат владата да даде широка логистичка поддршка и да прифати улога што ја релативизира европската принципиелност.Економската димензија ја заострува поентата. „Секундарните санкции“ на САД, се нагласува, ги принудуваат европските компании и банки да се повлечат од било каков однос со Иран поради ризикот од губење пристап до американскиот пазар, при што европските заштитни механизми излегуваат како немоќни. Потоа доаѓа енергетскиот удар: падот на прометот низ Ормускиот теснец, скокот на нафтата над 100 долари за барел и растот на цената на гасот за 70 отсто – комбинација што ѝ се заканува на Европа со нов круг рецесија и инфлација.Особено остро е оценет потегот на Вашингтон да суспендира дел од строгите санкции за продажба на руска нафта, со цел да се намалат светските цени на горивата. Во анализата се тврди дека тоа, индиректно, ја засилува руската финансиска моќ и ја остава Европа во позиција да плаќа висока цена за конфликт што политички не го поддржала – додека во исто време се соочува со последиците на сопствените источни граници.На крајот, воената слабост се прикажува како структурен проблем: пренасочувањето на американски логистички ресурси и системи за противвоздушна одбрана кон Блискиот исток ја стеснува поддршката што е клучна и за Украина. Европската одбранбена индустрија, иако во раст, според текстот не може брзо да го надомести тој јаз. Дури и најавените европски иницијативи за вооружување и одбранбени фондови се опишуваат како проекти со ефект „по неколку години“, а не решение за денешните потреси.Пораката што останува, според ова читање на кризата, е дека Европа сè појасно говори дека не сака да биде соучесник во „превентивни“ војни, но сè уште нема сила да го претвори тој став во самостојна политика. Војната против Иран, во тој смисол, не е само надворешна криза, туку и огледало за недовршениот европски проект – помеѓу амбиција и реална зависност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn6jrjq9tvt629sXbhgA

Иран ја обвини Европа: Помогнавте во создавањето услови за нападите на САД и Израел

Иран ги обвини европските земји дека помогнале во создавање услови за американско-израелските напади врз земјата, кои доведоа до актуелниот конфликт со Исламската Република.Обвинувањата ги изнесе портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, на редовната неделна прес-конференција.„За жал, европските земји помогнаа во создавањето на тие услови“, изјави Багеи.Тој додаде дека наместо да се залагаат за владеење на правото и да се спротивстават на притисоците од САД, европските држави ја поддржале американската позиција во Советот за безбедност на Обединетите нации.„Наместо да инсистираат на владеење на правото и да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на Соединетите Американски Држави, тие се согласија со нив во Советот за безбедност на ОН за време на расправата за повторно воведување санкции. Тоа ја охрабри американската и ционистичката страна да продолжат со своите злосторства“, рече Багеи.Изјавата доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Иран, САД и Израел продолжува да ескалира, а тензиите на Блискиот Исток предизвикуваат сериозна загриженост кај меѓународната заедница.

Свет | пред 1 месец

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Европа стана најголем светски увозник на оружје

Европската Унија во последните пет години стана водечки светски увозник на оружје, што е директна последица на реакцијата на владите на руската закана и сè помалата доверба во безбедносните гаранции од САД, покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), пренесува Reuters.Увозот на оружје во европските земји во периодот од 2021 до 2025 година повеќе од трипати се зголемил во споредба со претходниот петгодишен период. Главните причини се снабдувањето на Украина во нејзината одбрана од руската инвазија и обновата на сопствените воени залихи по децении на недоволни инвестиции.Наглото зголемување на токот на оружје во Европа ја зголеми вкупната глобална трговија со оружје за скоро 10 проценти“, појаснува Мету Џорџ, директор на SIPRI-програмата за трансфери на оружје.Според извештајот, Европа сега сочинува 33 проценти од глобалниот увоз на оружје, додека во претходниот петгодишен период уделот бил 12 проценти. Иако ја зајакнуваат својата воена индустрија, европските земји и натаму интензивно купуваат американско оружје, особено борбени авиони и системи за противавионска одбрана со голем дострел.Увозот на оружје на Блискиот Исток паднал за 13 проценти, иако Саудиска Арабија и Катар сè уште се меѓу четирите најголеми светски купувачи. Падот главно се должи на тоа што големите нарачки на Саудијците од претходниот период сè уште не се испорачани, објаснува истражувачот на SIPRI, Питер Веземан.Тој додава дека државите од регионот уште пред неодамнешните американски и израелски напади врз Иран веќе испратиле значајни нови нарачки кои сè уште не се вклучени во статистиката. Се очекува тековниот конфликт дополнително да ја поттикне набавката, особено на противракетни и противвоздушни системи.„Прво ќе ја заменат потрошената опрема, а потоа ќе разгледаат набавка на дополнителна за да се заштитат уште поефикасно отколку досега“, вели Веземан.САД ја зацврстиле својата доминација, зголемувајќи го уделот на глобалниот пазар од 36 на 42 проценти. На второ место е Франција со 9,8 проценти од глобалниот извоз, додека уделот на Русија по инвазијата на Украина во 2022 година паднал од 21 на само 6,8 проценти. Вкупниот извозен удел на европските земји изнесува 28 проценти, што е четирипати повеќе од Русија и пет пати повеќе од Кина.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања