Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Хаос во Ирска: Третина пумпи без гориво, блокирани патишта, револтирани граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library92ustei57jf949YqZ0g
PRTSCR

Додека Европа се обидува да одржи привид на стабилност, во Ирска е хаос. Третина од бензинските пумпи се без гориво. Клучни улици во Даблин се блокирани. Колони цистерни, под полициска придружба, како да станува збор за конвои во воена зона, а не за снабдување со гориво во една развиена европска држава.

— реклама —

Сликата е повеќе од симболична: држава членка на ЕУ која не може да гарантира елементарно функционирање на системот кога ќе се соочи со притисок. И тоа не поради недостиг на ресурси, туку поради блокиран систем. Доволно гориво има, велат надлежните. Само што не може да стигне до граѓаните.

Клучната точка, рафинеријата Whitegate е тесно грло. Доволно е неколку камиони и трактори да ги затворат пристапните патишта и ,,модерната економија” паѓа на колена. Ова не е само протест. Ова е демонстрација колку е кревка инфраструктурата кога зависи од неколку артерии.

— реклама —

Во меѓувреме, цената ја плаќаат граѓаните. Редови, паника, неизвесност. Уште полошо, и итните служби се под притисок. Кога пожарникарите почнуваат да одлучуваат кои интервенции „не се доволно итни“, тоа веќе не е економска криза. Тоа е аларм.

И додека властите повикуваат на смирување и уверуваат дека „сè ќе се нормализира за неколку дена“, реалноста на теренот зборува поинаку: систем што функционира само кога никој не го предизвикува – не е стабилен систем, туку привремена рамнотежа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Криза со авионско гориво се заканува на Европа: поскапувања и укинување летови

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Европа уште троши од гасните резерви: складиштата паднаа на 28%

Свет | пред 2 седмици

media-library9mv16su5939u2nVu14p

Ова место е прогласено за најубаво во светот – се наоѓа во Европа

Магазин | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања