Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

Свет
migranti-grcija-1
Илустрација

Бројот на имигранти кои живеат во Европската Унија достигна рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување за околу 2,1 милион во однос на претходната година, покажува ново истражување на Центарот за истражување и анализа на миграции при РФ Берлин.

Во извештајот, кој се повикува на податоци од Евростат и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, се наведува дека во 2010 година во ЕУ имало околу 40 милиони имигранти, што значи дека за 15 години бројката значително пораснала.

— реклама —

Германија и натаму е земјата со најголем број жители родени во странство – речиси 18 милиони, од кои 72 проценти се во работоспособна возраст. Најбрз раст бележи Шпанија, каде бројот на лица родени во странство се зголемил за околу 700.000 и достигнал 9,5 милиони.

Истражувањето покажува дека миграциските текови не се рамномерно распределени низ Унијата. Во однос на големината на населението, најголем удел на имигранти имаат Луксембург, Малта и Кипар.

— реклама —

Барањата за азил, пак, се концентрирани во неколку земји – Шпанија, Италија, Франција и Германија, кои заедно сочинуваат речиси три четвртини од сите поднесени барања. Германија има и најголем број бегалци – околу 2,7 милиони.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library92ustei57jf949YqZ0g

(Видео) Хаос во Ирска: Третина пумпи без гориво, блокирани патишта, револтирани граѓани

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Криза со авионско гориво се заканува на Европа: поскапувања и укинување летови

Свет | пред 2 седмици

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Европа уште троши од гасните резерви: складиштата паднаа на 28%

Свет | пред 2 седмици

media-library9mv16su5939u2nVu14p

Ова место е прогласено за најубаво во светот – се наоѓа во Европа

Магазин | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања