Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот теснец – без САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Свет
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP
unsplash

Европските лидери подготвуваат нова воена поморска мисија за обезбедување на Ормутскиот теснец без директно учество на САД, со цел стабилизација на клучен енергетски коридор. Утре Макрон и Кир Стармер ќе копретседаваат видеоконференција со околу 30 држави; во Париз ќе присуствуваат Мерц и Мелони. Целта е „трет пат“ меѓу максимален притисок врз Иран и воена ескалација, со координација со Вашингтон, но независна европска позиција. Мисијата би била условена со гаранции од Иран и обврска од САД за непречен сообраќај; се разгледува ангажман на миноловци. Ормут пренесува околу 20% од светската нафта и течен гас и иницијативата најавува посамостојна европска безбедносна политика.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Европските лидери подготвуваат нова воена мисија за обезбедување на Ормутски теснец, која ќе се реализира без директно учество на САД, со цел стабилизација на еден од најкритичните енергетски коридори во светот.

На видеоконференција што ќе се одржи утре, со која ќе копретседаваат Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ќе учествуваат околу триесетина држави. Во Париз физички ќе бидат присутни и германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

— реклама —

Според француското претседателство, целта е да се понуди „трет пат“ – алтернатива меѓу политиката на максимален притисок врз Иран и директна воена ескалација.

САД нема да бидат дел од мисијата, ниту од самата конференција, иако од Париз нагласуваат дека ќе има координација со Вашингтон. Образложението е дека европските држави не се директна страна во конфликтот и сакаат да задржат независна позиција.

— реклама —

Мисијата ќе може да се реализира само под строги услови – гаранции од Иран дека нема да напаѓа бродови и обврска од САД дека нема да го блокираат поморскиот сообраќај. Во моментов, состојбата се опишува како нестабилно примирје без јасна долгорочна гаранција.

Ормутскиот теснец е клучна точка за глобалната економија, преку која минуваат околу 20 проценти од светската нафта и течен гас. Затоа, европските земји размислуваат за ангажман на миноловци и други поморски капацитети, во обид да се спречи дополнителна ескалација и да се обезбеди непречен транспорт.

Иницијативата сигнализира нова фаза во европската безбедносна политика – обид за самостојно дејствување во глобални кризи, без директно вклучување на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања