Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Европа пред нов ценовен удар: Инфлацијата расте поради војната во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
den-na-evropa

Војната во Иран ја забрза инфлацијата во еврозоната, главно преку нагло поскапување на енергенсите и нарушени трговски рути. Евростат бележи раст на цените од 1,2% месечно и 2,5% годишно во март, додека базичната инфлација благо забавува. ЕЦБ и европските влади се пред дилема: зголемување камати за да се скроти инфлацијата или избегнување дополнителен удар врз економијата; нови субвенции се ограничени. Аналитичарите предупредуваат на можен врв над 3% (и над 4% при ескалација), а ЕК бележи повеќе фирми што планираат поскапувања. Се очекува ЕЦБ на 30 април да ги задржи каматите на 2%, но се остава можност за заострување до крајот на годината ако кризата продолжи. Лагард предупредува дека искуството со висока инфлација може да ги промени идните очекувања и реакции.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Војната во Иран веќе почнува директно да се одразува врз џебот на европските граѓани, додека новите податоци покажуваат забрзување на инфлацијата и отвораат сериозна дилема пред европските власти за тоа како да реагираат на растот на цените.

— реклама —

Според анализа на Politico, инфлацијата во еврозоната во март достигнала највисоко ниво во повеќе од една година, поттикната од наглото поскапување на горивата како последица на конфликтот што ги наруши клучните светски трговски рути.

— реклама —

Новите бројки го ставаат раководството на Европската централна банка пред сложен избор – дали да ги зголеми каматните стапки за да ја сопре инфлацијата, или да избегне дополнителен притисок врз економијата која веќе трпи поради високите цени на енергијата.

— реклама —

Слична дилема постои и кај владите низ Европа, каде што цените на енергенсите веќе достигнуваат високи нивоа, а можноста за нови субвенции е ограничена, за разлика од 2022 година кога беа воведени масовни мерки за поддршка.

Според податоците на Евростат, потрошувачките цени во март пораснале за 1,2 проценти на месечно ниво, односно за 2,5 проценти на годишно ниво, што е значително забрзување во однос на февруарските 1,9 проценти и отстапување од минатогодишниот тренд кога инфлацијата се движеше околу целта од 2 проценти.

Растот е речиси целосно резултат на поскапувањето на енергенсите, што укажува дека глобалниот раст на цените на нафтата брзо се пренесува врз крајните потрошувачи. Истовремено, базичната инфлација бележи благо забавување.

Аналитичарите предупредуваат дека најлошото допрва може да дојде доколку конфликтот се продлабочи.

„Инфлацијата во наредните месеци ќе достигне врв над 3 проценти, а може да порасне и значително над 4 проценти ако дојде до дополнителна ескалација“, изјави аналитичарот Феликс Шмит од банка Беренберг.

Во Европската централна банка засега се надеваат дека ваквото сценарио ќе се избегне, нагласувајќи дека нема да брзаат со зголемување на каматните стапки поради т.н. шокови на понудата врз кои имаат ограничено влијание.

Сепак, сигналите од теренот не се охрабрувачки. Истражување на Европската комисија покажува значително зголемување на бројот на компании кои планираат да ги покачат цените во следниот период, што дополнително го зголемува ризикот од долгорочна инфлација.

Дополнителна загриженост изрази и главниот економист на Европската централна банка Филип Лејн.

„Политичкиот систем мора да се насочи кон оние на кои им е помошта најпотребна, наместо да се води од „просечниот гласач“ и да се обидува да опфати што е можно поголем број луѓе“, изјави Филип Лејн.

Во меѓувреме, вниманието е насочено кон следниот состанок на Европската централна банка закажан за 30 април, на кој се очекува каматните стапки да останат на сегашното ниво од 2 проценти. Сепак, доколку кризата продолжи, аналитичарите не ја исклучуваат можноста за ново заострување на монетарната политика до крајот на годината.

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард веќе предупреди дека искуството од претходните кризи остава долгорочни последици врз економските очекувања.

„Цела генерација сега ја доживеа својата прва епизода на висока инфлација. Следниот пат можеби нема да бидат толку бавни во реакцијата“, изјави Кристин Лагард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: Подготвени сме за крај на војната, но бараме гаранции

Свет | пред 58 секунди

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Европа му врти грб на Трамп: Сè повеќе држави одбиваат учество во војната

Свет | пред 1 час

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: „Го разнесуваме Иран“ – тврди дека војната е при крај

Свет | пред 2 часа

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Новиот врховен лидер на Иран во сенка: Мојтаба Хамнеи избегнува јавност

Свет | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања