Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Најголемиот триумфален лак во светот“: Трамп најави монументален проект во главниот град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп подетално зборуваше за својата идеја за изградба на триумфален славолук во Вашингтон, опишувајќи го како монументална градба инспирирана од парискиот Arc de Triomphe. Во разговор со новинари на претседателскиот авион Air Force One, Трамп изјави дека планираниот објект ќе наликува на познатиот француски споменик, а на социјалните мрежи веќе е наречен „Arc de Trump“.

— реклама —

Трамп истакна дека триумфални лакови постојат на многу места низ светот, но дека сака оној во Вашингтон да биде најголем. „Ние сме најголемата и најмоќната нација. Би сакал да биде најголемиот од сите“, изјави тој, додавајќи дека ќе биде формиран посебен одбор кој ќе го надгледува проектот.

— реклама —

Славолукот е најновиот во низата архитектонски проекти со кои Трамп сака да остави личен печат во главниот град. Во тек е и изградба на луксузна балска сала на теренот на Белата куќа, поради што беше срушено старото Источно крило – потег што предизвика бројни критики во јавноста.

— реклама —

Според пишувањето на The Washington Post, еден од плановите предвидува славолукот во Вашингтон да достигне висина од 76 метри. За споредба, парискиот Триумфален лак, завршен во 1836 година, е висок околу 50 метри. Дел од архитектите ја критикуваат предложената висина, оценувајќи дека објектот не би се вклопил во околината, додека некои историчари ја поддржуваат идејата за ваков споменик во престолнината на САД.

Трамп првпат јавно ја спомена идејата во октомври, а минатата недела објави три различни дизајни на својата платформа Truth Social. Еден од предложените модели изобилува со златни украси – препознатлив естетски елемент на Трамп, кој и претходно го преуреди Овалниот кабинет со златни детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 19 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 20 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања