Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најстудено утрово во Берово, Маврови Анови и Лазарополе – 5 степени, најтопло во Демир Капија со 13

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Утрово најниската температура во земјава е измерена во Берово, Маврови Анови и Лазарополе, каде термометарот покажал 5 степени Целзиусови, додека најтопло било во Демир Капија – 13 степени.

— реклама —

Во Крушево температурата изнесувала 7, во Крива Паланка 8, а во Тетово, Претор и Прилеп се измерени 9 степени.

— реклама —

Во Скопје, Охрид, Велес, Виница, Кавадарци и Струмица утринската температура достигнала 10 степени, во Битола 11, а во Штип и Гевгелија 12 степени.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се забележани во Пожаране и на Попова Шапка – по 32 литри на метар квадратен, следуваат Маврови Анови и Крушево со по 23 литри, Тетово со 21, Претор со 20, Лазарополе со 14, а во Гевгелија се измерени 11 литри.

Помали количества дожд имало во Битола и Тополчани (по 9 литри), Скопје – Зајчев Рид (6 литри), Ѓуриште и Пожар–Радовиш (по 5), Прилеп, Велес и Скопје–Петровец (по 4 литри), додека најмалку дожд наврнал во Штип и Кавадарци – по 1 литар на метар квадратен.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на одделни места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, проследени со засилен ветер и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се движи меѓу 12 и 17 степени Целзиусови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vreme

Променливо облачно време со сончеви периоди

Македонија | пред 17 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облаци и врнежи низ земјава, во Скопје до 13 степени

Македонија | пред 3 дена

vreme

Променливо облачно со дожд и силен јужен ветер – температурите до 21°C

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Утре силен јужен ветер над 60km/h, а во петок врнежи и услови за грмежи

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања