Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Напад на трим-патека во Центар: Поднесена кривична пријава за разбојништво во обид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, казниво по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

— реклама —

Станува збор за И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Република Судан. Пријавата е поднесена на 21 февруари 2026 година од инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода.

— реклама —

Според информациите од МВР, кривичното дело било извршено на 19 февруари 2026 година на трим-патеката на улицата „11 Октомври“ во Скопје. Додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако тој одговорил дека нема пари, осомничените го пребарале по џебовите, а потоа физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.

— реклама —

По преземени мерки и активности, полициските службеници ги идентификувале и ги лишиле од слобода осомничените. На 21 февруари 2026 година, во просториите на Прифатниот центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање, при што оштетениот во целост ги препознал пријавените како сторители на делото.

Истиот ден тие биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 10 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 13 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 15 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања