Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Напад врз Зеленски: „Не е во состојба да се справи со кризата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да одговори зошто не е во состојба да се избори со критичната состојба во енергетскиот сектор во Киев, изјави во разговор за весникот Тајмс пратеникот во Врховната рада, Јарослав Железњак.

— реклама —

„Моето прво прашање е упатено кон Зеленски, особено по сите овие корупциски скандали. Имаме пет или шест ситуациски центри за подготовка за руски напад“, изјави тој.

— реклама —

Пратеникот потсети дека во главниот град веќе четири години функционира воена администрација поврзана со кабинетот на Зеленски, додека Киев располага со најголемиот општински буџет во земјата.

— реклама —

„Русите имаат нова тактика, а јас седам овде на студ“, се пожали Железњак, обвинувајќи за настанатата состојба и Зеленски и градоначалникот Виталиј Кличко.

Украинските медиуми пред една недела објавија дека Киев и уште неколку населени места останале во мрак поради вонредни и планирани исклучувања на електричната енергија. Во ноќта кон вторникот, руската армија извршила нов силен напад врз претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, како и врз енергетската и транспортната инфраструктура што се користи за потребите на украинските вооружени сили.

Руското Министерство за одбрана редовно соопштува за напади врз вакви објекти, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќепати нагласуваше дека војската не ги избира станбените згради и социјалните установи како цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави нова ера: Украина потпиша 10-годишни воени договори со заливските држави

Свет | пред 9 часа

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Свет | пред 2 дена

media-libraryj56fg38ofer7dCxtOxW

Девојката од Украина која барала помош пред маркети во Скопје, ги одбила сите видови понудена помош, објави украинското здружение во земјава

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања