Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Нападите врз предметите на СЈО се операција за рехабилитација на Груевски, вели Цветеновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
sjo

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветеновски, обвини дека нападите врз предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство се дел од, како што рече, политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во државата.

— реклама —

Според неа, додека институциите не реагираат на, како што наведе, криминалните тендери поврзани со власта, во јавноста се води кампања за дискредитација на предметите на СЈО и на пресудите што произлегле од нив.

— реклама —

„Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјалното јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Целта е јасна – релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување“, истакнува Цветеновски.

— реклама —

Таа тврди дека на тој начин се прави обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и, како што рече, бегалецот од правдата Никола Груевски да се претстави како жртва.

Во својата изјава, Цветеновски посочува и на, според неа, проблематични кадровски решенија во правосудството, наведувајќи дека се носат одлуки спротивни на европските препораки и дека се врши целосна контрола врз судството и обвинителството.

„Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на ‘газдата’“, наведува таа, оценувајќи дека станува збор за директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања