Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нападот на училиште во Иран со 165 загинати девојчиња може да биде воено злосторство, вели ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Најмалку 165 лица, главно девојчиња на возраст од 7 до 12 години, загинаа, а десетици се повредени во саботата кога во воздушен напад била погодена училишна зграда за девојчиња на југот на Иран, за време на американско-израелските напади врз земјата.

Израелски одбранбени сили соопштија дека немаат информации за напад на таа локација, додека војската на Соединетите Американски Држави информираше дека го истражува инцидентот.

— реклама —

Од Обединети нации побараа итна и независна истрага. Портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, Равина Шамдасани, изјави дека разорниот напад би можел да претставува воено злосторство доколку се утврди дека биле целени цивили или дека нападот бил неселективен, што е спротивно на меѓународното право.

„Деца, девојчиња, убиени на ваков начин среде училишен ден, на самиот почеток на наставата... Нивните ранци се извалкани со крв“, изјави Шамдасани.

— реклама —

Во јужниот ирански град Минаб денеска се одржа масовен погреб за жртвите од нападот. Дел од присутните носеа фотографии од убиените деца, меѓу кои имало и девојчиња на возраст од само седум години. Снимките од церемонијата покажуваат илјадници луѓе кои се простуваат со малите ковчези покриени со иранското знаме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 58 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања