Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Насилство на избори во Србија: Новинари и студенти нападнати со секира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryt6ut4dcj663k6jGXem9

Новинари и студенти биле нападнати во близина на избирачко место во Бор, на истокот на Србија, соопштија студентите во блокада, посочувајќи дека напаѓачите користеле и секира.

Според нивните наводи, група лица излегла од возило и физички нападнала присутни, при што биле кршени мобилни телефони и одземани камери, а дел од нападнатите биле турнати на земја. Неколку лица се здобиле со повреди и биле пренесени во медицински установи.

— реклама —

Невладината организација ЦРТА соопшти дека десетици мажи, кои наводно излегле од простории на Српска напредна странка, тргнале кон студентите откако тие снимале возило за кое се сомневале дека се користи за паралелни евиденции на гласачи.

Најтешко повреден е еден студент кој, според информациите, бил удиран додека лежел на земја, по што бил пренесен во болница. Му бил одземен и мобилниот телефон.

— реклама —

Студентите побараа итна реакција од обвинителството и новинарските здруженија, нагласувајќи дека и покрај нападите, нивните тимови ќе продолжат да го следат изборниот процес до крајот на денот.

Локалните избори што се одржуваат во повеќе градови во Србија се одвиваат во тензична атмосфера, со пријави за инциденти, притисоци и нерегуларности на повеќе избирачки места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања