Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv
Илустрација

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.

— реклама —

Според соопштението, ракетата била пресретната од НАТО системите за противвоздушна одбрана распоредени во источниот Медитеран.

— реклама —

Остатоците од ракетата паднале на празни полиња во областа Газиантеп, на југоистокот од Турција, при што нема информации за повредени или материјална штета.

— реклама —

„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите неопходни чекори, решително и без двоумење“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Ова е втор ваков инцидент во рок од една недела. Во четвртокот Анкара објави дека НАТО системите за одбрана пресретнале балистичка ракета која се движела кон турскиот воздушен простор.

Техеран тогаш негираше дека ракетата била испалена од Иран.

Инцидентот предизвика реакција и од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изјави дека активирањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор засега не е на дневен ред.

Членот 5 предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз, по што останатите членки преземаат мерки за помош на нападнатата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања