Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Не се смирува: од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
w_57109572

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 16 пожари во последното деноноќие, од коишто изгаснати се 13, а два се уште се активни и еден е под контрола.

— реклама —

Двата активни пожара на отворено се:

— реклама —

кај с.Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон заштитено повеќенаменско подрачје "Јасен" од посебно значење за државата, во правец кон месноста „Одделувачи за струја“. Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од 4 пожарникари на ТППЕ, осум (8) вработени од „Јасен“, и еден (1) вработен од ЕЛС, каде што гори борова шума и на

— реклама —

планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон с.Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација.

ЦУК информира дека под контрола е еден (1) пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух, два (2) „ер трактори на ДЗС, тим од 4 пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, каде што гори ниска вегетација.

Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините:

Студеничани кај с. Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ)( нискостеблеста шума);

Крушево, кај с. Алданци (4 ТППЕ)(ниска вегетација);

Струмица 1, покрај ул. „Снадо Масев“ (3ТППЕ)( напуштени простори);

Струмица 2, кај с.Просениково (3 ТППЕ)(ниска вегетација);

Василево, кај с. Пиперево (6 ТППЕ)(ниска вегетација);

Дебар, кај с. Броштица (2 ТППЕ)(нискостеблеста дабова шума);

Кичево кај с. Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ)(стрниште);

Куманово, кај с. Агино село ( 2 ТППЕ) (ниска вегетација и стрниште);

Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ)(стрниште);

Виница (6 ТППЕ) (помошна просторија);

Делчево кај Делчево (1 лице)(градската депонија);

Јегуновце, кај с. Шемшово (15 ТППЕ)(плевна) и во

Брвеница, кај с. Чолопек и с.Милетино (3ТППЕ)(ниска вегетација).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања