Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ние сме спремни да настапиме на избори, кога и да се случат, а ќе има предвремени, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc04a59qnuu2adj61Zf9

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека неговата партија нема намера да прави политички договори со власта, нагласувајќи дека единствениот договор што СДСМ го признава е оној со граѓаните. Изјавата ја даде на прес-конференција, одржана по лидерската средба на која СДСМ одлучи да не учествува.

— реклама —

„СДСМ е спремна за избори, годинава, следната, па и во редовни избори. Јас сум сигурен, а со оглед на тоа што се случува, дека избори предвремени ќе има. Дали годинава, пролет, есен, на крајот од годината“, рече Филипче.

— реклама —

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција.

— реклама —

„Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е да ја вратиме власта кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нека се договараат меѓу себе“, рече Филипче, образложувајќи ја одлуката на партијата да не биде дел од средбата свикана од премиерот.

Тој изнесе серија обвинувања кон актуелната власт, наведувајќи дека наместо реформи се спроведуваат политики кои, според него, ја оддалечуваат државата од Европската Унија. Филипче посочи на, како што рече, сомнителни тендери, запирање на европската агенда и сè поизразено приближување кон Русија.

„Еден закон беше донесен непосредно пред Нова година и тоа не може да се нарече реформска агенда“, оцени лидерот на СДСМ, додавајќи дека институциите се повторно целосно партизирани, на начин кој потсетува на периодот на владеењето на Никола Груевски.

Според Филипче, се злоупотребува полицијата, а под сомнеж е и користењето на ИПАРД фондовите, што, како што истакна, претставува сериозен удар врз владеењето на правото и европските стандарди. Тој јасно порача дека СДСМ се спротивставува на укинувањето на таканаречената пржинска влада, оценувајќи дека во услови на нарушена демократија таа сè уште има своја улога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања