Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ники Хејли ќе гласа за Трамп на изборите во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Поранешната републиканска кандидатка за претседателска номинација во САД, Ники Хејли, најави дека на претседателските избори во ноември ќе гласа за Доналд Трамп, кој и беше ривал на првичните партиски избори.

Таа, исто така, посочи дека Трамп мора да работи за да ги придобие нејзините гласачи, пренесува Voice of America.

— реклама —

„Ќе гласам за Трамп. Но, јас стојам на она што го кажав кога се повлеков од прелиминарната трка - Трамп треба да допре до луѓето кои гласаа за мене, а не само да претпоставува дека ќе гласаат за него сега. И јас искрено се надевам дека тие ќе го направат тоа“, рече Хејли во Институтот Хадсон во Вашингтон.

Тоа беше и нејзино прво појавување во јавноста откако ја напушти трката за претседателска номинација во Републиканската партија и прва јавна поддршка што му ја даде на Трамп.

— реклама —

Хејли, која беше амбасадор на САД во ОН во администрацијата на Трамп, се повлече од трката пред два месеци, но потоа не го поддржа Трамп, туку го обвини дека создава хаос, дека не соработува со меѓународните сојузници и се прашуваше дали на 77 години можеше да биде претседател.

Трамп, од друга страна, често ја критикуваше или навредуваше Хејли, дури и ја нарече „пилешки мозок“, пишува Гласот на Америка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп поставува рок за Иран: Примирјето нема да трае бесконечно

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Свет | пред 21 час

media-librarymq018hkepk163plbXCY

(Видео) Трамп чита Библија по судирот со папата, нови реакции во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп предупредува за сложен процес на извлекување на иранските резерви ураниум

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања